Компаниите очекуваат новиот Закон за јавни набавки да им ги надмине досегашните потешкотии

Bez autora
Mar 04 2019

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис=регулатива“ денеска одржа инфо-сесија на тема: „Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“. Како што иформираат од таму, ваквата сесија отворила дебата за подобрување на регулативата за јавни набавки преку презентирање на клучните новини на законското решение, како и можностите за негово дополнување со подзаконски акти. Во фокусот на новините на законот се напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, и беше поставено прашањето дали тие ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми, се наведува во соопштението на УСАИД.

Компаниите очекуваат новиот Закон за јавни набавки да им ги надмине досегашните потешкотииПроектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис=регулатива“ денеска одржа инфо-сесија на тема: „Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“.

Како што иформираат од таму, ваквата сесија отворила дебата за подобрување на регулативата за јавни набавки преку презентирање на клучните новини на законското решение, како и можностите за негово дополнување со подзаконски акти.

„Во фокусот на новините на законот се напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, и беше поставено прашањето дали тие ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми“, се наведува во соопштението на УСАИД.

Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија на инфо-сесијата нагласи дека за поздравување е одредбата со која се предвидува дека електронските аукции не се користат кај јавните набавки на интелектуалните услуги.

„Се прифатија и барањата на бизнис-заедницата за промена на начинот на пресметување на роковите за жалба, а барањето да се исклучи набавката на услуги преку електронскиот пазар и истиот да се применува само за набавка на стоки и услуги е делумно прифатено на начин што преку електронскиот пазар договорниот орган може да врши набавки на стандардни стоки и услуги“, изјави Аризанковска.

Во соопштението се наведува дека со одложување на примената на електронскиот пазар до 1 јули 2020 година има доволен простор да се воспостави дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор во процесот на донесување на подзаконските акти.

Од УСАИД нагласуваат дека бизнис-секторот ќе продолжи активно да работи во насока на подготовка на компаниите за правилна имплементација на Законот за јавни набавки, која започнува од 1 април 2019 година, а со кој се очекува намалување на можноста за евентуални злоупотреби и обезбедување конкуренција помеѓу компаниите, како и нивен еднаков третман.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik