Компаниите од зоните главни креатори на извозот

Bez autora
Aug 07 2016

Вкупниот обем на трговската размена од почетокот на јануари до крајот на јуни годинава изнесува 5,53 милијарди долари, што е за 4,4 проценти повеќе од истиот период минатата година. Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 69,9 проценти, објави вчера Државниот завод за статистика, ДЗС, при што вредноста на извозот била 2,28 милијарди долари, за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Додека вредноста на увезената стока изнесувала 3,25 милијарди долари, што е за 4,8 отсто повеќе во споредба со првите 6 месеци од 2015 година.

Компаниите од зоните главни креатори на извозотВкупниот обем на трговската размена од почетокот на јануари до крајот на јуни годинава изнесува 5,53 милијарди долари, што е за 4,4 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 69,9 проценти, објави вчера Државниот завод за статистика, ДЗС, при што вредноста на извозот била 2,28 милијарди долари, за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Додека вредноста на увезената стока изнесувала 3,25 милијарди долари, што е за 4,8 отсто повеќе во споредба со првите 6 месеци од 2015 година. Трговскиот дефицит од јануари до јуни годинава изнесувал 978 милиони долари.

Во овој период од Македонија најмногу се извезени, но и увезени машини и транспортни уреди. Овој извоз имал вредност од 637 милиони долари, а увозот изнесувал 706 милиони долари, при што размената на овој вид производи била зголемена за 17,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

По нив следуваат хемиските и сродните производи кои се увезени во вредност од 407 милиони долари, а вредноста на овој извоз била 566 милиони долари. Храна, пак, сме увезле во вредност од 166 милиони долари, а сме увезле во вредност 292 милиона долара.

Инаку, во трговската размена по производи, како што покажува ДЗС, како и во претходниот период, најголемо е учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, на сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, потоа на фероникел и на облека.

Во увозот, пак, најмногу биле застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали, други метали од платинска група и нивни легури, необработени или во облик на прав, како и електричната енергија.

Или, со други зборови, статистиката повторно покажува дека најголем придонес за извозните резултати има работењето на странските компании во технолошко-индустриските зони, а пред се' на „Џонсон контролс“ и на „Џонсон Мети“.

Во минатата година вкупниот извоз од слободните зони, според податоците на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, ДТИРЗ, изнесуваше 1,5 милијарда евра и зафаќаше 36 проценти од вкупниот извоз во земјата, а очекувањата се дека кон крајот на оваа година учеството на извозот од зоните ќе се зголеми за дополнителни 25 отсто.

Во првите пет месеци од годинава, пак, извозот од технолошко-индустриските развојни зони, ТИРЗ, е зголемен за над 28 проценти во однос на истиот период минатата година, а вкупната вредност во овој период надмина 715 милиони евра. Само во мај, според ДТИРЗ, извозот од зоните изнесуваше 150 милиони евра, што е за над 20 отсто повеќе споредено со истиот месец ланската година.

„Во последниве години, како резултат на работењето на странските компании во економските зони има голема диверзификација на извозот и е зголемена додадената вредност. Односно се извезуваат поинакви производи, како катализатори, електроника, автобуси, воздушни перничиња, навлаки за седишта...“, вели директорот на ДТИРЗ, Виктор Мизо. Тој додава дека во ТИРЗ активно работат над 20 компании кои го стимулираат развојот на локалната економија и овозможуваат промена на структурата на извезуваните производи.

Инаку, според ДЗС, во периодот јануари - јуни годинава повторно најголеми трговски партнери на Македонија биле Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik