Компаниите со помали добивки од банките

Bez autora
Mar 02 2016

Банките со одлични резултати, компаниите со пораст на приходите, но и нешто поскромни добивки во споредба со банкарскиот сектор. Ова го говорат дел од финансиските извештаи на котираните акционерски друштва, кои деновиве ја исполнија веб-страницата на Македонската берза, како најинтересни и најочекувани документи за инвеститорите. Токму врз основа на овие извештаи, домашните и странските инвеститори ги носат своите одлуки за тоа во кои акции ќе ги вложат своите слободни средства, или, пак, постојат одредени друштва чии акции би ги продале и оттаму би го повлекле својот капитал. Дека банкарскиот сектор е се' попрофитабилен, речиси секојдневно говорат билансите на успех кои ги испраќаат банките до берзата.

Компаниите со помали добивки од банкитеБанките со одлични резултати, компаниите со пораст на приходите, но и нешто поскромни добивки во споредба со банкарскиот сектор.

Ова го говорат дел од финансиските извештаи на котираните акционерски друштва, кои деновиве ја исполнија веб-страницата на Македонската берза, како најинтересни и најочекувани документи за инвеститорите.

Токму врз основа на овие извештаи, домашните и странските инвеститори ги носат своите одлуки за тоа во кои акции ќе ги вложат своите слободни средства, или, пак, постојат одредени друштва чии акции би ги продале и оттаму би го повлекле својот капитал.

Дека банкарскиот сектор е се' попрофитабилен, речиси секојдневно говорат билансите на успех кои ги испраќаат банките до берзата. Вчера со свој финансиски извештај во јавноста излезе и НЛБ Тутунска банка, која за минатата година прикажа добивка од 13,53 милиони евра, што е пораст за 23,7 отсто во споредба со профитот во 2014 година.

„Во 2015 година нето-каматните приходи беа повисоки за 21,7 отсто во однос на претходната година. Приходите од камати се зголемија за 1,9 отсто, како резултат на повисоки остварени приходи од камата во сегментот население“, се вели во образложението од банката.

Се додава дека расходите од камати биле пониски за 28,4 отсто, што е резултат на намалување на каматните стапки на депозитите и пониската состојба на обврски по кредити споредено со 2014. Вкупните приходи на банката од работењето се повисоки за 12 отсто, додека вкупните оперативни трошоци се повисоки за 6 проценти.

„Во 2015 беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 984.447 илјади денари. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на банката“, објаснуваат од НЛБ Тутунска банка.

Извештај за работењето испрати и винарската визба „Тиквеш“, чија нето-добивка пред оданочување лани изнесувала 780 илјади евра, и била иста со добивката од претходната година. Вкупните приходи забележале раст од 11 отсто, а растот се должи на зголемените приходи од домашниот пазар, за 8 отсто, како и од странските пазари, за 14 проценти.

„Иако растот на вкупните приходи е значителен, бруто-добивката бележи пад од 3 отсто, што се должи на зголемените откупни трошоци за основната

суровина, грозје“, објаснуваат од компанијата. Од таму додаваат дека зголемувањето на трошоците за продажба и маркетинг и останатите

оперативни расходи, како и зголемените останати оперативни приходи, резултирале со оперативна добивка од 119 милиони денари, односно близу 2 милиони евра, што е намалување за 2 отсто.

„Нето-добивката од редовното работење пред оданочување на износ од 48 милиони денари (780,5 илјади евра), е на исто ниво како и претходната година“, се вели во коментарот на компанијата.

Таа информира дека за работењето во 2015 година не биле исплатени дивиденди, и се оствариле вложувања во материјални средства од 150 милиони денари.

Извештаи за работењето лани објави и фабриката за кондиторски производи „Европа“. Таа минатата година остварила нето-добивка од 460 илјади евра, што е пораст за 61,6 отсто во однос на претходната 2014 година.

„Во 2015 година се остварени вкупни приходи на износ од 759.954.921 денари и се поголеми за 2,3 отсто. Приходите од домашен пазар изнесуваат 345.652.996 денари и се намалени за 3,1 отсто, а приходите од странски пазар се зголемени за 6,9 проценти“, велат од компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik