Компанијата „Кафе ди Артисан“ отвора фабрика во Куманово

Bez autora
Jul 29 2018

Компанијата „Кафе ди Артисан“ ќе отвори фабрика во Куманово за производство на течно кафе во капсули со патентиран метод на изработка. Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра проектот на компанијата ќе се реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија. Kако дел од нaшите планови за развој истражувавме неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство првенствено поради висококвалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за почнување и водење бизнис. Високопрофесионалната поддршка, советите и консалтингот што ги добивме од страна на тимовите на Инвест Македонија и Магнум консалтинг лимитед значително го олеснија целиот процес до финалната одлука за инвестирање, изјави сопственикот на компанијата.

Компанијата „Кафе ди Артисан“ отвора фабрика во КумановоКомпанијата „Кафе ди Артисан“ ќе отвори фабрика во Куманово за производство на течно кафе во капсули со патентиран метод на изработка.

Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра проектот на компанијата ќе се реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

„Kако дел од нaшите планови за развој истражувавме неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство првенствено поради висококвалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за почнување и водење бизнис. Високопрофесионалната поддршка, советите и консалтингот што ги добивме од страна на тимовите на ‘Инвест Македонија’ и ‘Магнум консалтинг лимитед’ значително го олеснија целиот процес до финалната одлука за инвестирање“, изјави сопственикот на компанијата, Шанкар Шарма.

Компанијата започнала со работа во 2016 година со отворање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирала своите производи во Велика Британија и САД во 2018 година. Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Средниот Исток и во Јужна Азија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik