Информатичарите, како и вработените во фармацевтскиот и во финансискиот сектор и понатаму се професии каде што се исплаќаат највисоки плати. Спротивно на овие дејности, најниско платени работни места се оние во рибарството, угостителството, текстилната и кожарската индустрија, каде што платите се за двојно или повеќе пониски од оние на вработените во ИТ-секторот и банкарството. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец февруари годинава, изнесува 21.813 денари или 354 евра и таа е за 3,4 отсто поголема во споредба со истиот месец лани. Зголемување е најмногу поради порастот на платите во градежништво за 16,3 отсто, во административните и помошните услужни дејности за 11,1 отсто и во земјоделство, шумарство и рибарство за 11 отсто.
Информатичарите, како и вработените во фармацевтскиот и во финансискиот сектор и понатаму се професии каде што се исплаќаат највисоки плати.
Спротивно на овие дејности, најниско платени работни места се оние во рибарството, угостителството, текстилната и кожарската индустрија, каде што платите се за двојно или повеќе пониски од оние на вработените во ИТ-секторот и банкарството.
Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец февруари годинава, изнесува 21.813 денари или 354 евра и таа е за 3,4 отсто поголема во споредба со истиот месец лани.
Зголемување е најмногу поради порастот на платите во градежништво за 16,3 отсто, во административните и помошните услужни дејности за 11,1 отсто и во земјоделство, шумарство и рибарство за 11 отсто.
При тоа, повторно најголеми плати и овој пат им биле исплатени на вработените во секторот компјутерско програмирање, каде што просечната плата е пресметана на 45.301 денар, или 730 евра.
Следат платите во телекомуникацискиот сектор, каде што личниот доход во февруари во просек изнесувал 37.604 денари, додека во финансиските и услужни дејности месечната заработувачка во просек била 38.909 денари.
Најниските плати, пак, им биле исплатени на вработените во кожарската дејност, 11.303, потоа во дрвната индустрија, 13.392, рибарството, 13.387 и во угостителството, 15.642 денари.
Македонците и Србите со најниски примања
Инаку, во споредба со останатите земји од регионот, Македонците и Србите имаат најниски плати. Минатата година, според регионалните статистики, најголемата просечна плата на просторот на поранешна Југославија е исплатена во Словенија и изнесувала 1.004 евра, а најниска во Србија - 361 евро.
Просечната плата во Црна Гора лани изнесувала 482, во Хрватска 747, во Босни и Херцеговина 422, а во Македонија 365 евра. Просечната плата во Словенија лани се зголемила за само 1,49 евра, во Хрватска за 5,44, а во Србија за 34,77 евра.