Кредитирањето намалено во јануари

Bez autora
Feb 11 2016

Во домашната економија се задржуваат поволните трендови, оценува НБМ. По силниот кредитен раст остварен во последниот квартал на 2015 година, особено во декември, првичните податоци за јануари покажуваат намалување на вкупните кредити на приватниот сектор. Како што соопшти вчера Народна банка на Македонија, месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината. Кредитите на домаќинствата и натаму растат на месечна основа, но умерено послабо во споредба со претходниот месец.

Кредитирањето намалено во јануариВо домашната економија се задржуваат поволните трендови, оценува НБМ.

По силниот кредитен раст остварен во последниот квартал на 2015 година, особено во декември, првичните податоци за јануари покажуваат намалување на вкупните кредити на приватниот сектор.

Како што соопшти вчера Народна банка на Македонија, месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината. Кредитите на домаќинствата и натаму растат на месечна основа, но умерено послабо во споредба со претходниот месец.

„Со оглед на силниот кредитен раст во последното тримесечје на 2015 година, кој ги надмина очекувањата, годишната стапка на раст на вкупните кредити во јануари е околу 9 отсто и е над проекцијата за првиот квартал на 2016 година“, соопшти НБМ.

Инаку, во домашната економија и во почетокот на годинава се задржуваат поволните трендови, покажуваат најновите макроекономски показатели. По растот на домашниот бруто-производ од 3,5 отсто во третиот квартал лани, најновите показатели покажуваат дека позитивните тенденции и натаму се присутни, што е особено видливо во индустријата, трговијата и градежништвото.

„Досегашните движења кај показателите за економската активност упатуваат на можност за умерено повисок раст во 2015 година од очекуваниот“, се вели во соопштението на НБМ по редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Оценувајќи ја постојната монетарна поставеност како соодветна, Комитетот одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи во износ од 25.500 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 3,25 отсто.

НБМ нагласува дека економската активност има солиден раст, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, како и дека девизните резерви и натаму се на соодветното ниво, иако во почетокот на годинава е регистрирани нивно намалување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik