Крпен живот живее секој трет граѓанин

Bez autora
Apr 05 2017

Секој трет граѓанин на Македонија живее во социјална исклученост, односно е сиромашен затоа што не може да ги плати сметките, да купи доволно храна, облека, обувки...да вози автомобил или да оди на одмор една во текот на годината. Седумдесет и четири проценти од Македонците живеат само од плата, 4 отсто од пензија, 16 отсто од пари на сопружникот или на родителите, 3 отсто со помош на кредити, а 2 отсто со пари од странство од роднини, покажуваат податоците од анкетата на Институтот „Фајненс тинк“, наречена „Крпен живот - што не можат да си дозволат граѓаните“. Во неа, дури 42,1 процент од анкетираните се изјасниле дека им одат цели приходи за храна и за сметки, додека 28,4 отсто рекле дека немаат доволно пари ниту за тоа. Оваа бројка од 28 проценти е блиску до националната стапка на сиромаштија која изнесува 21,5 отсто, што значи дека толкав дел од населението живее во сиромаштија, со помалку од 7.200 денари месечно или 120 евра, вели Деспина Туманоска од „Фајненс тинк“

Крпен живот живее секој трет граѓанинСекој трет граѓанин на Македонија живее во социјална исклученост, односно е сиромашен затоа што не може да ги плати сметките, да купи доволно храна, облека, обувки...да вози автомобил или да оди на одмор една во текот на годината.

Седумдесет и четири проценти од Македонците живеат само од плата, 4 отсто од пензија, 16 отсто од пари на сопружникот или на родителите, 3 отсто со помош на кредити, а 2 отсто со пари од странство од роднини, покажуваат податоците од анкетата на Институтот „Фајненс тинк“, наречена „Крпен живот - што не можат да си дозволат граѓаните“.

Во неа, дури 42,1 процент од анкетираните се изјасниле дека им одат цели приходи за храна и за сметки, додека 28,4 отсто рекле дека немаат доволно пари ниту за тоа.

„Оваа бројка од 28 проценти е блиску до националната стапка на сиромаштија која изнесува 21,5 отсто, што значи дека толкав дел од населението живее во сиромаштија, со помалку од 7.200 денари месечно или 120 евра. Според официјалната статистика на Државниот завод за статистика, 30,4 отсто од населението е материјално обесправено, бидејќи не може да си задоволи 4 од 9 основни животни потреби. Според тоа, уште е поголем делот на лицата кои не можат да си дозволат и помалку од основните потреби. На пример, 59 отсто не можат да јадат во ресторан еднаш месечно, 68 отсто не можат да отидат на културен настан еднаш месечно... 78 отсто не можат да си купат ново парче облека во текот на месецот, што значи дека овој дел од населението е и сиромашен и исклучен од општествените случувања. Да потсетам, според индикаторот АРОПЕ на ДЗС, 41,6 отсто од граѓаните во Македонија се сиромашни или социјално исклучени“, вели Деспина Туманоска од „Фајненс тинк“ .

Според анкетата на овој Институт, само 16,8 отсто од анкетираните се изјасниле дека имаат доволно пари и можат да ги намират сите потреби, а 12,7 проценти рекле дека успеваат дури и нешто да заштедат. Шеесет и девет проценти се изјасниле дека не можат да одат на одмор или на некое патување еднаш во текот на годината, 76 проценти не можат да возат кола секој ден, а 34 проценти рекле дека не можат да си дозволат ништо од горенаведеното.

Значи, добиените податоци од анкетата на „Фајненс тинк“ покажуваат дека во земјава „крпен живот“ живее секој трет граѓанин.

Инаку, дека во Македонија има повеќе од 100 илјади граѓани кои што живеат во апсолутна сиромаштија, а повеќе од еден милион и двесте илјади граѓани не можат да си ги исполнат основните потреби, покажа и последната анкета за приходи и услови за живеење на ДЗС за 2016 година. Според неа, четвртина од граѓаните не можат да го затоплат сопствениот дом, а секое второ македонско семејство не може да си дозволи оброк со месо или риба секој втор ден.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik