Македонската компанија за челични конструкции Стил Кон од Куманово, инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо, како и за доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на Младо Нагоричане. Дел од овие средства, односно 750 илјади евра се обезбедени како грант од Холандија. Новата инвестиција отвора можност за околу 100 нови работни места, а со неа Македонија добива единствен погон од ваков тип, најсовремена технологија за преработка на арматурно железо наспроти досегашната пракса рачна преработка на железото. На денешната свеченост присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, кој оцени дека инвестициите кои овој период влегоа во државата се доказ дека кризата е пребродена. Владата на секој начин се обидува да создаде поволна клима за развој на економијата. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст, какви што бележевме пред да не зафати виорот на економската криза. На Стил Кон му посакувам среќна работа и многу нови нарачки.
Македонската компанија за челични конструкции Стил Кон од Куманово, инвестираше 3,5 милиони во нов погон за преработка на арматурно железо, како и за доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на Младо Нагоричане.
Дел од овие средства, односно 750 илјади евра се обезбедени како грант од Холандија. Новата инвестиција отвора можност за околу 100 нови работни места, а со неа Македонија добива единствен погон од ваков тип, најсовремена технологија за преработка на арматурно железо наспроти досегашната пракса рачна преработка на железото.
На денешната свеченост присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, кој оцени дека инвестициите кои овој период влегоа во државата се доказ дека кризата е пребродена.
„Владата на секој начин се обидува да создаде поволна клима за развој на економијата. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст, какви што бележевме пред да не зафати виорот на економската криза. На Стил Кон му посакувам среќна работа и многу нови нарачки“, истакна Груевски.
„Денешното отворање на новиот погон за преработка на арматурно железо е круна на партнерската соработка меѓу Македонија и Холандија. Двете страни со визија за подобро економско утре и со заедничко вложување во новиот погон претставуваат локомотива на развојот на овој регион “, изјави генералниот менаџер на Стил Кон, Бобан Тодоровски.
Новата инвестиција на Стил Кон, ја поздрави и амбасадорката на Холандија во Македонија, Марија Шурман.
„Владата на Холандија, преку една од програмите за поддршка на приватниот сектор направи инвестиција во проектот Стил Kон со грант од 750.000 евра. Со нетрпение очекуваме да ја достигнеме нашата следна цел, а тоа е да понудиме дополнителни инструменти. Оваа цел е веќе на повидок со дополнителните инвестиции вложени од страна на двата партнера, кои веќе ја удвоија сумата која што беше првично инвестирана, како и бројот на вработени во фабриката Стил Kон“, истакна Шурман.