Кумановската фабрика за цигари „Боро Петрушевски-Папучар“ оди на продажба. Лицитацијата е закажана за 5 април годинава и фабриката ќе се продава како целина во еден пакет кој се состои од: недвижен имот – деловни згради во Куманово, машини и опрема и друг подвижен имот. Се продаваат и резервите на тутун и транспортни средства. Вкупната проценета вредност на пакетот средства изнесува 781.773.778 денари или околу 12,7 милиони евра. Продажбата на имотот се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, преку системот е-аукција, кој се води при Централен регистар, се вели во огласот.
Кумановската фабрика за цигари „Боро Петрушевски-Папучар“ оди на продажба.
Лицитацијата е закажана за 5 април годинава и фабриката ќе се продава како целина во еден пакет кој се состои од: недвижен имот – деловни згради во Куманово, машини и опрема и друг подвижен имот. Се продаваат и резервите на тутун и транспортни средства.
Вкупната проценета вредност на пакетот средства изнесува 781.773.778 денари или околу 12,7 милиони евра.
„Продажбата на имотот се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена, преку системот е-аукција, кој се води при Централен регистар“, се вели во огласот.
По изборот на најповолниот понудувач, Собранието на доверители ќе треба да донесе одлука дали ќе се прифати понуда.