Куповната моќ во Македонија 41 отсто од просекот на ЕУ

Bez autora
Dec 14 2016

Македонците можат да си дозволат да трошат само 41 отсто од просечната потрошувачка што ја имаат на располагање граѓаните на Европската Унија. Ова го покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Евростат, статистичка служба на Европската Унија, кои се однесуваат на 2015 година. Евростат вчера ја објави моменталната индивидуална потрошувачка по жител во сите земји од Европската Унија, како и европските земји кои се кандидатки за членство, меѓу кои влегуваат и државите од Западен Балкан. Тоа е мерило за благосостојбата на домаќинствата во овие земји. Во 2014 година овој индекс на потрошувачка во Македонија бил 40, а во 2013 изнесувал 39, што значи лани сме имале мало подобрување, но нашата моќ за трошење сепак е помала и од половината од европскиот просек. Според можноста за потрошувачка, од граѓаните на Македонија се полоши единствено Албанија, чии жители можеле да трошат само 37 отсто од европскиот просек, исто колку што можат да си дозволат и граѓаните на Босна и Херцеговина.

КУПОВНАТА МОЌ ВО МАКЕДОНИЈА 41 ОТСТО ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУМакедонците можат да си дозволат да трошат само 41 отсто од просечната потрошувачка што ја имаат на располагање граѓаните на Европската Унија. Ова го покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Евростат, статистичка служба на Европската Унија, кои се однесуваат на 2015 година.

Евростат вчера ја објави моменталната индивидуална потрошувачка по жител во сите земји од Европската Унија, како и европските земји кои се кандидатки за членство, меѓу кои влегуваат и државите од Западен Балкан. Тоа е мерило за благосостојбата на домаќинствата во овие земји. 

Во 2014 година овој индекс на потрошувачка во Македонија бил 40, а во 2013 изнесувал 39, што значи лани сме имале мало подобрување, но нашата моќ за трошење сепак е помала и од половината од европскиот просек. 

Според можноста за потрошувачка, од граѓаните на Македонија се полоши единствено Албанија, чии жители можеле да трошат само 37 отсто од европскиот просек, исто колку што можат да си дозволат и граѓаните на Босна и Херцеговина. 

Подобри од Македонците се нашите северни соседи, Србите, каде што лани потрошувачката по жител била 46 отсто, исто како и Црногорците, со куповна моќ од 53 отсто од просекот на Европа. И граѓаните на Турција за која Евростат ја мери потрошувачката моќ, можат да си дозволат да трошат 59 отсто од она што просечно го имаат на располагање граѓаните на Европската Унија. 

Најновата табела покажува големи разлики во благосостојбата и меѓу членките на ЕУ. Така, нашите европски соседи, Бугарите, имаат нешто подобра куповна моќ од нашата, но таа е најниска во рамките на просекот на ЕУ. Бугарија во 2015 година имала 53 отсто од просекот на ЕУ. 

Најновите „европски жители“, Хрватите, пак, имаат малку повисоки можности за трошење од Бугарите, односно 58 отсто од европскиот просек. 

Грците, пак, кои долг период ги мачи економска криза, и кои во изминатите години поминаа низ строги мерки на штедење остануваат многу помоќни потрошувачи во споредба со нашите граѓани, со индекс на потрошувачка од 77 отсто од европскиот просек, што иако не е на ниво на ЕУ, сепак е многу посолидно во споредба со земјите од регионот. 

Инаку, како што наведува и Евростат, индексот на индивидуалната потрошувачка е мерка на материјалната благосостојба на домаќинствата. 

Кога станува збор за земјите од еврозоната, тие се малку подобри од европскиот просек, и имаат индекс 105 отсто, односно нивните граѓани можат да трошат за 5 отсто повеќе. 

„Индексот во 2015 се движеше меѓу 53 отсто во Бугарија и 137 отсто во Луксембург“, наведува Евростат во своето соопштение. 

Инаку, покрај Луксембург кој е на прво место, со индекс 137, уште девет членки на ЕУ се над европскиот просек. Втора е Германија, со индекс 123, а по неа следуваат Австрија со 119, и Данска со 115. Во Белгија, во Финска и во Обединетото Кралство граѓаните можеле да трошат за 14 отсто повеќе од европскиот просек. Во Франција индексот е 112, и во Холандија и Шведска е по 111. 

После овие земји доаѓаат Италијанците, чиј индекс е 99, или тие можат да трошат 1 отсто помалку од европскиот просек. 

Во Ирска и Кипар, нивоата се 10 отсто или помалку под просекот на ЕУ, додека во Шпанија, Литванија, Португалија и Малта се помеѓу 10 и 20 отсто подолу. Чешка, Словачка, Словенија, Полска и Естонија се помеѓу 20 и 30 проценти под просекот. Летонија и Унгарија имаат од 30 до 40 отсто помалку можност да трошат од просекот на ЕУ. Романија има 59, а Унгарија 63 индекс на индивидуална потрошувачка. 

Според листата на Евростат, не им одело воопшто лошо ни на некои богати земји што не се членки на ЕУ. На пример, жителите на Норвешка имале стандард кој е за 33 отсто над европскиот просек, Швајцарците имале 28 проценти над, а Исланд „држи“ куповна моќ повисока за 13 отсто.

Инаку, Евростат паралелно ги објави и податоците за БДП по глава на жител, кои се движат од 47 отсто во Бугарија, па до 264 отсто во Луксембург.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik