Кузмановска: Економијата оди надолу, а долговите растат

Bez autora
Sep 18 2017

Владата утре ќе се задолжи одново со нови 60 милиони евра, со што долговите дополнително ќе пораснат, предупреди Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Утре е вторник и Владата на СДС ќе ја задолжи државата со нови 60 милиони, со што бројката од 350 милиони ќе се искачи на 410 милиони евра долг создаден за 110 дена владеење. Од овие пари граѓаните не гледаат никаков бенефит, ниту знаат каде тие завршуваат, обвини Лилјана Кузмановска. СДС, како што рече Кузмановска, ја задолжуваат државата над 410 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови. СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните на Република Македонија, а нема реализирано или започнато со реализација ниту еден проект. Очигледно е дека СДС својата неспособност и расипништво ги покрива со безмилосно трошење на народните пари, рече таа.

Кузмановска: Економијата оди надолу, а долговите растатВладата утре ќе се задолжи одново со нови 60 милиони евра, со што долговите дополнително ќе пораснат, предупреди Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Утре е вторник и Владата на СДС ќе ја задолжи државата со нови 60 милиони, со што бројката од 350 милиони ќе се искачи на 410 милиони евра долг создаден за 110 дена владеење. Од овие пари граѓаните не гледаат никаков бенефит, ниту знаат каде тие завршуваат“, обвини Лилјана Кузмановска.

СДС, како што рече Кузмановска, ја задолжуваат државата над 410 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови. СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните на Република Македонија, а нема реализирано или започнато со реализација ниту еден проект. Очигледно е дека СДС својата неспособност и расипништво ги покрива со безмилосно трошење на народните пари, рече таа.

Каде одат овие пари кога се знае дека сите развојни проекти се стопирани, дали овие пари ќе се употребат за корумпирање гласачи во пресрет на локалните избори?

СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15 октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење, порача Кузмановска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik