Квалитетно грозје ќе се бере годинава во Тиквешијата

Bez autora
Aug 24 2015

Над 180 милиони килограми ќе тежи годинава родот на винско грозје. Ова се првичните проценки во Тиквешко. Годинава квалитетот на грозјето не може да се спореди со минатогодишниот, бидејќи ќе се набере род со висок квалитет. Пламеницата која беше причина лани да пропадне над 70 отсто од родот, годинава речиси и да ја нема. Во моментов единствена опасност се пепелницата и гроздовиот молец, но и оваа закана не може драстично да го сруши квалитетот на грозјето, велат стручњаците. Оваа година слободно може да ја декларираме како година за лозарите. Првите три месеци имавме континуитет од врнежи, над 350 литри. Со тоа се овозможи енергичен старт на лозата, добро исфрлање на ресите, добро оплодување и добра можност за квалитетен принос. Со редовната исхрана и заштита се задржа квалитетот на приносот. Ако минатата година изгубивме над 70 отсто поради пламеницата, годинава пламеницата речиси и да ја немаше, вели проф. д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Над 180 милиони килограми ќе тежи годинава родот на винско грозје. Ова се првичните проценки во Тиквешко. Годинава квалитетот на грозјето не може да се спореди со минатогодишниот, бидејќи ќе се набере род со висок квалитет. Пламеницата која беше причина лани да пропадне над 70 отсто од родот, годинава речиси и да ја нема. Во моментов единствена опасност се пепелницата и гроздовиот молец, но и оваа закана не може драстично да го сруши квалитетот на грозјето, велат стручњаците.

„Оваа година слободно може да ја декларираме како година за лозарите. Првите три месеци имавме континуитет од врнежи, над 350 литри. Со тоа се овозможи енергичен старт на лозата, добро исфрлање на ресите, добро оплодување и добра можност за квалитетен принос. Со редовната исхрана и заштита се задржа квалитетот на приносот. Ако минатата година изгубивме над 70 отсто поради пламеницата, годинава пламеницата речиси и да ја немаше. Имавме претчувство дека потенцијалот од оваа болест од лани може да направи хаос, но, за среќа, годинава немаше услови за развој на оваа фикомицетна габа. Во мај немавме врнежи, а со тоа немаше и услови за развој на оваа мошне опасна болест за виновата лоза“, вели проф. д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Тој апелира до лозарите да бидат внимателни во периодот пред берба, бидејќи, сепак, постојат добри услови за развој на пепелницата. Исто така, опасност за родот се и гроздовите молци кои можат да создадат оштетување на гроздот.

„Гроздовите молци од третата генерација се најголема опасност, бидејќи имаме сплет на втората и третата генерација, а тоа е резултат на неорганизирана заштита. Во случај сите да испрскаат, а само двајца да не испрскаат, постои голем потенцијал за штети од молецот. Постои една празнина во однос на организирана заштита во Тиквешко и таквата состојба мора да се надмине во најкратко време. Потребна е квалитетна агрометеоролошка станица од каде што ќе се следат метеоролошките услови, а со тоа и условите за развој на болести и штетници по локалитети. Ако добро се следи состојбата уште од март со првата генерација гроздов молец и ако има квалитетна заштита, нема да има втора генерација, а најмалку трета. Имаме производители кои прскале и по пет пати против овој штетник, но не ги почитувале вистинските моменти и пак имаат проблеми. Ботритисот, исто така, може да биде закана. Раните од молецот и другите механички оштетувања на гроздот се влезна врата за ботритисот“, објаснува д-р Вучков.

Лозарите годинава беа целосно посветени на насадите. Стравуваа дека презимената форма од пламеницата може да ги докрајчи лозјата годинава, но, сепак, тоа не се случи. Задоволни се од квалитетот на грозјето што ќе го наберат годинава, како од трпезните, така и од винските сорти. Поголем дел од производителите на десертно грозје веќе ја започнаа бербата, иако не се кај сите создадени услови за берба поради ниската шеќерност. Познавачите велат дека лозарите што брзаат со берба само ја рушат цената за откуп.

Лидерот на лозарите, Љупчо Аризанов, се надева дека оваа година навистина ќе биде за лозарите не само поради одличниот квалитет на грозјето, туку и со откупот и со цената. Во моментов се водат преговори во Министерството за земјоделство околу цената по која ќе се откупува родот. Аризанов очекува годинава визбите да платат добра цена за винското грозје, бидејќи лани немаа можност да купат суровина за производство на вино.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik