Лани во Македонија дошле 25.000 бугарски туристи

Bez autora
Jan 19 2015

Минатата година над 25.000 бугарски туристи ја посетиле нашата држава. Околу 3.500 од нив се одлучиле Новата 2015 година да ја пречекаат во некое од нашите познати туристички одморалишта, најмногу во Охрид и Скопје. Овие туристи во Македонија допатувале со над сто автобуси. Минатата година бројот на бугарски туристи кои биле во Македонија пораснал за 30 проценти во однос на претходната година. Бојко Бојков, претседател на асоцијацијата на бугарските туроператори, кого го сретнавме во струмичкиот хотел „Сириус“ и кој во нашата држава беше довел нова група туристи од Бугарија, вели дека интересот на граѓаните на нашиот источен сосед за туристички посети на нашата држава, од година во година станува се' поголем.

Лани во Македонија дошле 25.000 бугарски туристиМинатата година над 25.000 бугарски туристи ја посетиле нашата држава. Околу 3.500 од нив се одлучиле Новата 2015 година да ја пречекаат во некое од нашите познати туристички одморалишта, најмногу во Охрид и Скопје. Овие туристи во Македонија допатувале со над сто автобуси. Минатата година бројот на бугарски туристи кои биле во Македонија пораснал за 30 проценти во однос на претходната година.

Бојко Бојков, претседател на асоцијацијата на бугарските туроператори, кого го сретнавме во струмичкиот хотел „Сириус“ и кој во нашата држава беше довел нова група туристи од Бугарија, вели дека интересот на граѓаните на нашиот источен сосед за туристички посети на нашата држава, од година во година станува се' поголем.

„Во овој бизнис сум 21 година и за тоа време преку мојата туристичка агенција ’Бохемија‘ само една година немам носено туристи во Македонија. Откако сум на чело на асоцијацијата на туристичките оператори во Бугарија, во рамките на асоцијацијата значаен приоритет дадовме на организирање туристички посети на вашата убава земја. Бугарските граѓани сакаат да ги видат Охрид и Скопје, но ништо помал не е интересот и за вашите свети места, преубавите манастири, планините, археолошките локалитети, музеите, бањите... Последните години во Македонија се изградија многу модерни хотели кои ги задоволуваат и највисоките барања на туристите, што исто така оди во прилог на заинтересираноста на нашите граѓани за посета на Македонија“, вели Бојков.

Нашиот соговорник смета дека голем удел во оваа приказна има Владата на Македонија со постојаните и квалитетни презентации на туристичките можности на нашата држава. „Вашата Државна агенција за туризам имаше голема медиумска кампања за туристичкиот потенцијал на Македонија. На најслушаните радија и во најтиражните весници, преку целата ланска година,постојано се објавуваа квалитетни рекламни содржини, а такви одеа и на многу он-лајн медиуми. Поголемите градови беа преполни со билборди за туристичките потенцијали на Македонија, а вашата држава своите бисери во оваа стопанска гранка квалитетно ги промовираа и на две туристички берзи во Софија. Во Софија беше организиран голем штанд на кој во март, август и ноември беа промовирани туристичките можности на вашата земја. На зголемениот интерес придонесува и стимулот на вашата Влада од по десет евра по турист за престој во Македонија подолг од три дена“, вели Бојков. Првиот човек на бугарските туроператори вели дека бугарските туристи се многу задоволни од квалитетот и разновидноста на нашата храна како и од квалитетот на ноќниот живот во сите туристички места, посебно во Скопје.

Охрид, Струга, Скопје, Малешевијата, Струмица, Кратово, манастирите „Јоаким Осоговски“, Лесново, „Св. Архангел Михаил“, Бигорски, многубројните археолошки локалитети биле најпривлечни за бугарските граѓани. Сепак, во последните години посебно нараснал интересот за Скопје. Бојков вели дека сега и на македонско–бугарската граница се минува побргу, одговорните од двете страни направиле многу да нема непотребни чекања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik