Ланската година за некои успешна, на други им донесе загуби

Bez autora
Mar 07 2016

Едни годината ја завршиле успешно, а други прикажале загуби во работењето. Котираните компании продолжуваат да ги доставуваат своите финансиски извештаи за минатата година до Македонската берза. Нивните биланси на успех и на состојба ќе продолжат да се објавуваат се' до 15 март годинава, а инвеститорите, брокерите, како и инвестициските фондови, со внимание ги следат овие документи, како одредници кои ќе укажат во која компанија и зошто е најпаметно да се вложат слободните парични средства. За прилепска „Витаминка“ минатата година завршила позитивно.

Ланската година за некои успешна, на други им донесе загубиЕдни годината ја завршиле успешно, а други прикажале загуби во работењето. Котираните компании продолжуваат да ги доставуваат своите финансиски извештаи за минатата година до Македонската берза.

Нивните биланси на успех и на состојба ќе продолжат да се објавуваат се' до 15 март годинава, а инвеститорите, брокерите, како и инвестициските фондови, со внимание ги следат овие документи, како одредници кои ќе укажат во која компанија и зошто е најпаметно да се вложат слободните парични средства.

За прилепска „Витаминка“ минатата година завршила позитивно. Неревидираниот единечен Биланс на успех на оваа компанија од прехранбената индустрија покажува дека таа лани остварила нето-добивка по оданочување од 922 илјади евра, што е пораст на профитот од 8 отсто во однос на претходната, 2014 година.

„Остварените единечни вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 1.712.147 илјади денари, и во споредба со остварените во 2014 година бележат пораст од 3 проценти. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги, кои во споредба со остварените во 2014 година се на исто ниво“, информираат од компанијата.

Остварените единечни вкупни расходи во 2015 година изнесуваат 1.649.496 илјади денари и во споредба со остварените во 2014 бележат пораст од 3 отсто. Порастот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2015 година, соопштуваат од компанијата.

Една од компаниите, пак, која за лани прикажа загуба, по подолг период работење со добивки е скопски „Фершпед“. Приходите на оваа компанија од работењето лани се намалиле, а поради платена камата од судски спор од претходен период се зголемиле финансиските расходи, што на крајот на годината довело до негативен финансиски резултат, односно загуба од 1,81 милиони евра.

„Фершпед“ лани оствари оперативна добивка во износ од 42.645 илјади денари, искажана во неревидираниот Биланс на успех. „Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2015 година изнесуваат 2.971.542 илјади денари, и во споредба со остварените вкупни приходи во 2014 година бележат пад од 18 отсто“, се вели во образложението што компанијата го давана финансискиот резултат.

Оперативните приходи бележат пад од 16 отсто во споредба со оперативните приходи во 2014 година. Во оперативните приходи најголемо учество имаат приходите остварени од основната дејност на друштвото, во износ од 2.535.144 илјади денари.

Пад бил забележан и кај финансиските приходи, но тие учествуваат со 0,7 отсто во вкупните приходи.

Лани „Фершпед“ ги намалил и вкупните расходи, во износ од 3.082.934, односно бележат пад од 15 отсто во однос на 2014 година. Оперативните расходи бележат пад од 19 отсто, а најголемо учество во нив, со 78 проценти, имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци.

Финансиските расходи бележат раст во однос на истите од претходната година. Овој раст произлегува од камата од судски спор од претходен период.

„Поради растот на финансиските расходи, ’Фершпед‘ за периодот јануари-декември 2015 година оствари негативен финансиски резултат, искажан во неревидираниот биланс на успех, во износ од 111.392 илјади денари (1,811 милиони евра),“ информираат од компанијата.

Финансиски извештај до берзата, меѓу другите, достави и „Огражден“, друштвото за неметали од Струмица. Неговиот неревидиран неконсолидиран билансна успех покажува дека компанијата остварила нето добивка по оданочување од 321 илјада денари или нешто повеќе од 5 илјади евра, но во однос на претходната година, тоа е пораст на профитот за 24 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik