Лажни распродажби и лоши услуги ги иритираат потрошувачите

Bez autora
Mar 16 2017

Македонските потрошувачи најмногу се жалат на лажни распродажби, ескивирање на обврските од гаранцијата на купените производи, невистинито рекламирање, лоши услуги, материјални недостатоци и лош сервис. Според искуството на Државниот пазарен инспекторат најмногу мани потрошувате им нашле на компаниите кои снабдуваат со топлинска енергија и комунални услуги, а жалби имало и за работата на туристичките агенции. Граѓаните не биле задоволни и од многу производи кои ги купиле, а особено од техничката стока, во која предничат мобилните телефони, како и од квалитетот на облеката и обувките. Светскиот ден на потрошувачите, 15 Март, во Македонија се одбележа во очекување на новиот закон за заштита на потрошувачите, со кој ќе треба да се уредат многу прашања. Тоа го вклучува и брзорастечкото онлајн пазарење, со оглед на тоа дека глобалната кампања на Светската организација на потрошувачи, годинава е насловена како „Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат“.

Лажни распродажби и лоши услуги ги иритираат потрошувачитеМакедонските потрошувачи најмногу се жалат на лажни распродажби, ескивирање на обврските од гаранцијата на купените производи, невистинито рекламирање, лоши услуги, материјални недостатоци и лош сервис. Според искуството на Државниот пазарен инспекторат најмногу мани потрошувате им нашле на компаниите кои снабдуваат со топлинска енергија и комунални услуги, а жалби имало и за работата на туристичките агенции. Граѓаните не биле задоволни и од многу производи кои ги купиле, а особено од техничката стока, во која предничат мобилните телефони, како и од квалитетот на облеката и обувките.

Светскиот ден на потрошувачите, 15 Март, во Македонија се одбележа во очекување на новиот закон за заштита на потрошувачите, со кој ќе треба да се уредат многу прашања. Тоа го вклучува и брзорастечкото онлајн пазарење, со оглед на тоа дека глобалната кампања на Светската организација на потрошувачи, годинава е насловена како „Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат“.

Во македонското законодавство ќе треба да се имплементираат и директивите на Европската Унија, особено поради фактот што европските земји важат за големи заштитници на своите потрошувачи. Според претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија Маријана Лончар-Велкова, потрошувачите мора да го добијат тоа што им следува, а тоа се подобри услуги и производи и поголема почит.

„Кај нас потрошувачите се оставени самите да лутаат по институциите барајќи правда кога им се нарушени нивните потрошувачки права. Тоа не е случај во европските земји, каде што се многу повеќе заштитени“, рече Лончар.

Од новиот закон ќе се очекува да ги заштити потрошувачите и од нефер клаузулите кои им се наметнуваат, особено од банките и осигурителните друштва. Таков пример, според професорката по потрошувачко право Јадранка Дабовиќ, е барањето при земање кредит во банка одобрување да се бара и од брачниот партнер.

„Уставот ги гарантира економските права, а потрошувачите треба да се едуцираат и да им се обезбедат услови за своите пари, да добијат максимум услуга и најдобри производи. Кај нас треба да се воспостави и практика судовите да прогласуваат за ништовни одредени клаузули кои се нефер кон потрошувачите“, посочи Дабовиќ.

Претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје Марјан Додовски рече дека годинава се планира да започне јавно објавување на имињата на компаниите на кои има најмногу жалби во делот на потрошувачките права.

„Со објавување пред јавноста кои компании се однесуваат најнеодговорно кон потрошувачите се надевам дека ќе се влијае за поодговорно, порационално и покоректно однесување кон потрошувачите“, изјави Додовски.

Државниот секретар во Министерството за економија, Анета Димовска, рече дека во 2015 година се извршени измени на Законот за заштита на потрошувачите со кои трговецот се обврзува да ги обезбеди сите потребни информации на потрошувачот пред да ја направи нарачката и да му се даде право во рок од 14 дена да се повлече од нарачката.

„На светско ниво најголема грижа на потрошувачите кога станува збор за електронско тргување е нарушување на приватноста и безбедноста при електронското тргување. За градење на довербата е неопходно постоење соодветна регулатива и функционални институции што ќе ги штитат овие права“, рече Димовска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik