Во полошкиот регион е најавена реализација на инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“ во производствен капацитет за навлаки за автомобилски седишта. Договорот за реализација на инвестицијата го потпишаа завчера во Скопје потпретседателот на корпорацијата „Леар“, Рафаел Гаљарди и министерот за странски инвестиции Веле Самак, во присуство на премиерот Никола Груевски и министри во Владата. Во веќе постоен објект во Гостивар за до крајот на годинава, инвеститорот најавува ангажирање 150 до 200 вработени, до крајот на следната година 800, а по префрлање на инвестицијата во нов објект во ТИРЗ Тетово се очекува бројот на вработени да достигне 2.000, со потенцијал за 3.000 вработувања. Објектот во Тетово треба да биде готов до средината на следната година, а производството е наменето за сите големи европски автомобилски производители. Очекувањата на Владата се инвестицијата на „Леар“ за наредните пет години да го зголеми бруто-домашниот приход за 150-190 милиони евра.
Во полошкиот регион е најавена реализација на инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“ во производствен капацитет за навлаки за автомобилски седишта. Договорот за реализација на инвестицијата го потпишаа завчера во Скопје потпретседателот на корпорацијата „Леар“, Рафаел Гаљарди и министерот за странски инвестиции Веле Самак, во присуство на премиерот Никола Груевски и министри во Владата.
Во веќе постоен објект во Гостивар за до крајот на годинава, инвеститорот најавува ангажирање 150 до 200 вработени, до крајот на следната година 800, а по префрлање на инвестицијата во нов објект во ТИРЗ Тетово се очекува бројот на вработени да достигне 2.000, со потенцијал за 3.000 вработувања. Објектот во Тетово треба да биде готов до средината на следната година, а производството е наменето за сите големи европски автомобилски производители. Очекувањата на Владата се инвестицијата на „Леар“ за наредните пет години да го зголеми бруто-домашниот приход за 150-190 милиони евра.
Премиерот Груевски изрази задоволство што е потпишан договор за инвестиција со „Леар“, една од најголемите компании во индустријата на автомобилски делови и како што рече, една од најзначајните инвестиции во Македонија, со оглед дека има потенцијал да отвори до 3.000 нови работни места во тетовско-гостиварскиот регион.
Потпретседателот на „Леар“, Гаљарди, рече дека одлуката да ја изберат Македонија како локација за нивен следен капацитет за производство на навлаки за автомобилски седишта е донесена по внимателно разгледување на голем број фактори. „Aнализиравме бројни фактори како расположливоста на добра локација, нашата способност за наоѓање добри бизнис-партнери и општата економска конкурентност, а најважно од се' е нашето верување дека ќе можеме да најдеме вредни и обучени луѓе“, рече Гаљарди.