Американската компанија „Леар Корпорејшн“ в понеделник официјално почнува со производство на автомобилски седишта наменети за странски пазари. Производниот капацитет се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово каде вчера свечено беше извршено примо-предавање на објектот. Станува збор за инвестиција вредна 17 милиони евра. Во овој проект „Нормак Инвестмент Гроуп“ учествува со 7 милиони, додека делот на американската компанија изнесува околу 10 милиони евра. Новите производствени капацитети се протегаат на површина од 11.800 квадратни метри, каде се очекува до крајот на 2016 година да бидат вработени околу 1.000 лица.
Американската компанија „Леар Корпорејшн“ в понеделник официјално почнува со производство на автомобилски седишта наменети за странски пазари.
Производниот капацитет се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово каде вчера свечено беше извршено примо-предавање на објектот.
Станува збор за инвестиција вредна 17 милиони евра. Во овој проект „Нормак Инвестмент Гроуп“ учествува со 7 милиони, додека делот на американската компанија изнесува околу 10 милиони евра.
Новите производствени капацитети се протегаат на површина од 11.800 квадратни метри, каде се очекува до крајот на 2016 година да бидат вработени околу 1.000 лица.
„Леар корпорејшн“ планира до почетокот на 2018 година вкупниот број вработени да достигне 2.500 лица .
Изградбата на производните капацитети на компанијата за автомобилски седишта почна пред шест месеци, а беа ангажирани околу триесет компании, од кои најголемиот дел домашни.
Објектот е од прва категорија и ги исполнува сите услови за енергетска ефикасност и е еден од ретките производни капацитети во Македонија од оваа категорија.