„Лимак“ се подготвува за изградба на трговскиот и тунелот

Bez autora
Nov 08 2016

До крајот на годинава „Лимак холдинг“ очекува да ги добие потребните дозволи за реализација на инвестицијата вредна 250 милиони евра, информираа денеска од компанијата. Турците ќе градат мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на град Скопје, тунел и двонасочна сообраќајница со шест ленти. На површина од 300.000 квадратни метри, проектот предвидува четири блока со околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг. „Лимак“ е обврзан на своја сметка да го изгради јужниот булевар под земја, а за возврат ќе го добие земјиштето над сообраќајницата и на него ќе ги гради посочените содржини.

„Лимак“ се подготвува за изградба на трговскиот и тунелотДо крајот на годинава „Лимак холдинг“ очекува да ги добие потребните дозволи за реализација на инвестицијата вредна 250 милиони евра, информираа денеска од компанијата.

Турците ќе градат мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на град Скопје, тунел и двонасочна сообраќајница со шест ленти.

На површина од 300.000 квадратни метри, проектот предвидува четири блока со околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг...

„Лимак“ е обврзан на своја сметка да го изгради јужниот булевар под земја, а за возврат ќе го добие земјиштето над сообраќајницата и на него ќе ги гради посочените содржини.

Истовремено компанијата ќе гради и комерцијален објект до Старата железничка станица, кој треба да е со пресликана фасада и висина како и железничката. Тој објект, всушност, е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс над Јужен булевар.

Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на комплексот, во него ќе бидат вработени од 2.000 до 2.500 луѓе.

Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми, а од домашни компании ќе се врши и набавката на потребните материјали. Од „Лимак“ најавуваат дека целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години.

Инаку, компанијата и двата плаца ги купи од државата пред околу четири години по пат на лицитација. Турците, практично, се наддаваа сами со себе. Плацот кај Стара железничка станица со површина од речиси 10.000 квадрати го купија за околу половина милиони евра, а за другата парцела, од над 30.000 квадратни метри, „Лимак“ на државата и' плати околу 3,2 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik