Македонците месечно купуваат по 3.000 користени и 600 нови автомобили

Bez autora
May 12 2011

Македонските граѓани секој месец во просек купуваат по околу 3.000 употребувани автомобили и по 500 до 600 нови. Споредено со лани, кај новите возила речиси и да нема промени, бидејќи воглавно куповната моќ на граѓаните им овозможува бројката да не се промени, но затоа пак, речиси и да е преполовено купувањето на старите возила. Според познавачите на состојбите тоа покажува дека најголем број од граѓаните минатата година го обновиле возниот парк кога Владата донесе одлука да се увезуваат возила од стандардот ЕУРО 1, но и постари од 10 години. Со овие поволности во земјава, заклучно со 30 април 2011 година, се увезени и царинети 51.399 употребувани автомобили. Од автомобилскиот сектор информираат дека ширум земјава на паркинзите каде што се чуваат старите возила се лоцирани околу 10.000 автомобили што ги чекаат своите нови сопственици.

Македонците месечно купуваат по 3.000 користени и 600 нови автомобилиМакедонските граѓани секој месец во просек купуваат по околу 3.000 употребувани автомобили и по 500 до 600 нови.

Споредено со лани, кај новите возила речиси и да нема промени, бидејќи воглавно куповната моќ на граѓаните им овозможува бројката да не се промени, но затоа пак, речиси и да е преполовено купувањето на старите возила.

Според познавачите на состојбите тоа покажува дека најголем број од граѓаните минатата година го обновиле возниот парк кога Владата донесе одлука да се увезуваат возила од стандардот ЕУРО 1, но и постари од 10 години. Со овие поволности во земјава, заклучно со 30 април 2011 година, се увезени и царинети 51.399 употребувани автомобили. Од автомобилскиот сектор информираат дека ширум земјава на паркинзите каде што се чуваат старите возила се лоцирани околу 10.000 автомобили што ги чекаат своите нови сопственици.

Иако за новите возила импортерите нудат големи поволности, популарни цени и поволни кредитни линии, сепак месечно се купуваат најмногу до 600 нови автомобили.

Официјалните податоци со кои располага Царинската управа на РМ, во првите 4 месеци од годинава царинети се 14,243 возила од кои 2.156 нови и 11.363 употребувани.

Во истиот временски период царинети се товарни моторни возила и тоа 227 нови и 433 се употребувани. Што се однесува за автобусите и минибусите, царинети се 36 нови и 39 употребувани.

Царинската управа потврдува дека лани од вкупно 62.519 увезени возила најмногу отпаѓа на употребуваните возила чија бројка достигна 51.399 патнички автомобили, а за товарните моторни возила изнесуваше 3.357 возила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik