Зимски одмор за целото семејство македонските туристи бараат во бугарските зимски центри Банско, Боровец, Пампорово, за разлика од домашните Маврово, Попова Шапка или Пелистер, каде што одат само на викенд или еднодневно скијање. Недостигот од дополнителни содржини, и за скијачи и за оние кои сакаат само рекреација или прошетка на чист воздух, за деца, но и за повозрасни, се сериозен проблем на македонските зимски туристички дестинации. Наспроти природните богатства и одличните планински услови за најразлични, дури и екстремни зимски спортови, инфраструктурно, македонските ски-центри сериозно заостануваат зад оние во регионот. Понудата на хотелите, разликата во цените, пристапноста и она што е најважно, големиот избор на различни содржини за пополнување на слободното време, ги прават бугарските зимски центри многу попривлечни за нашите туристи.
Зимски одмор за целото семејство македонските туристи бараат во бугарските зимски центри Банско, Боровец, Пампорово, за разлика од домашните Маврово, Попова Шапка или Пелистер, каде што одат само на викенд или еднодневно скијање. Недостигот од дополнителни содржини, и за скијачи и за оние кои сакаат само рекреација или прошетка на чист воздух, за деца, но и за повозрасни, се сериозен проблем на македонските зимски туристички дестинации.
Наспроти природните богатства и одличните планински услови за најразлични, дури и екстремни зимски спортови, инфраструктурно, македонските ски-центри сериозно заостануваат зад оние во регионот. Понудата на хотелите, разликата во цените, пристапноста и она што е најважно, големиот избор на различни содржини за пополнување на слободното време, ги прават бугарските зимски центри многу попривлечни за нашите туристи.
„Прифатливите цени и интересните содржини кои нудат забава за целото семејство како спа-центрите, фитнес-салите, дискотеки, ресторани, затворени базени, ги направија бугарските зимувалишта толку интересни, што нашите туристи развија нов лајфстајл во кој зимувањето е задолжително задоволство што можат да си го дозволат“, вели Ана Крстевска-Каламатевска од туристичката агенција „Савана“.
Секој ски-центар има понуда според светски стандарди, хотелите се модерни и без разлика дали се со три или со пет ѕвезди, нудат содржини за анимација на посетителите. Најчесто се уплатуваат од 2 до 5 дена, а цените одговараат за сечиј буџет.
Македонските зимски центри, пак, со децении чекаат на модернизирање, а во меѓувреме ги губат и домашните и странските посетители. Не се инвестира ниту во патишта, ниту пак во обнова на инфраструктурата, жичарниците или ски-лифотвите. Наместо да се модернизираат веќе постоечките, Македонија инвестираше во нови ски центри, кои не заживеаја ниту еден ден. Резултат на сето тоа е се' поизразеното намалување на бројот на посетители, особено на семејствата со мали деца и рекреативците.
„Туристите од странство се воодушевени од Попова Шапка, особено од можностите кои планината им ги нуди на љубителите на екстремните спортови. Сепак, ништо од тоа не е искористено, затоа што нема инфраструктура, ниту пак модерни сместувачки капацитети“, посочуваат од „Савана“.
Во туристичката агенција „Атлантис“ велат дека не можат да кажат каква е побарувачката за зимување во Македонија, бидејќи интерес од граѓаните во нивната агенција речиси и нема. Од таму додаваат дека домашните туристи кои сакаат да одат на Маврово или на Шапка, веројатно самите си резервираат во хотелите. Годинава еднодневна ски-карта за нашиот најголем зимски центар Маврово за возрасни чини 1.100 денари, а за деца 800 денари. Сезонски билет е 20.000 денари, додека пак карта за ноќно скијање за возрасни е 650, а за деца 550 денари.