Македонските граѓани веќе ги препознаваат бенефитите што ги носи животното осигурување. Тоа се гледа и преку податоците кои кажуваат дека овој пазар во земјава е во развој - лани пораснал за цели 22%, а само во првиот квартал од годинава растот е цели 23%. За Дарко Дедиќ, член на Управниот одбор на Винер лајф осигурување, ова се должи на огромниот труд што е вложен во едукација на населението кое се повеќе препознава дека животното осигурување значи еден вид на дополнително штедење, но претставува и начин на долгорочна инвестиција. Во Македонија 30 до 35 илјади граѓани се корисници на животно осигурување. Највисоката осигурана сума што ја има клиент на Винер лајф изнесува повеќе од еден милион евра. Станува збор за македонски државјанин кој оваа сума ќе ја добие по истекот на осигурителниот период, нагласи Дедиќ.
Македонските граѓани веќе ги препознаваат бенефитите што ги носи животното осигурување. Тоа се гледа и преку податоците кои кажуваат дека овој пазар во земјава е во развој - лани пораснал за цели 22%, а само во првиот квартал од годинава растот е цели 23%.
За Дарко Дедиќ, член на Управниот одбор на Винер лајф осигурување, ова се должи на огромниот труд што е вложен во едукација на населението кое се повеќе препознава дека животното осигурување значи еден вид на дополнително штедење, но претставува и начин на долгорочна инвестиција.
- Во Македонија 30 до 35 илјади граѓани се корисници на животно осигурување. Највисоката осигурана сума што ја има клиент на Винер лајф изнесува повеќе од еден милион евра. Станува збор за македонски државјанин кој оваа сума ќе ја добие по истекот на осигурителниот период - нагласи Дедиќ.
Ако се погледне растот на пазарот во првиот квартал 2014, Винер лајф расте 4 пати побрзо, односно има раст од 117% во однос на истиот период лани. Пазарниот удел на компанијата во однос на продадениот број на полиси изнесува 11%. Инаку, на пазарот на животно осигурување во Македонија работат четири друштва.
Ѓорѓе Војновиќ, новиот претседател на УО на Винер лајф, кој на оваа должност стапи од први овој месец, нагласи дека компанијата нуди осигурителни производи што се многу поволни за клиентите.
- Осигурената сума што ја имате во животното осигурување кога ќе ја склучите полисата, кај нас важи уште од првиот ден. Ако осигурената сума за 10 години е на пример 10.000 евра, кај нас уште првиот ден е наплатлива ако, не дај боже, по првиот ден се случи несреќа. Во банка, пак, ви останува само депозитот кој го имате до тогаш и најчесто од една до две години е помала од осигурената сума што ја нуди животното осигурување каде средствата се заштитени со валутна клаузула и промените на курсот на денарот нема да влијаат на висината на вашата полиса - појасни Војновиќ кој верува дека со неговите нови соработници ќе успеат Винер лајф да ја сместат на првото место на осигурителниот пазар во Македонија.
Светла Несторова, член на УО на Винер лајф, смета дека Македонија, а впрочем и целиот регион имаат голем потенцијал во однос на пенетрацијата на животното осигурување.
- Очекуваме голем раст во следните 10-15 години. Ако ги споредам земјите во регионот со другите европски земји, можам да кажам дека животното осигурување во регионот е прилично ниско, таква е состојбата и во Македонија. Токму од тие причини сме тука, сметаме дека оваа земја и овој регион имаат голем потенцијал во однос на пенетрацијата на животното осигурување. Растот во Македонија во последните 3 години е 23% кај животното осигурување и веруваме дека ќе продолжи да расте - истакна Несторова.
Винер лајф е присутна во 25 земји, вработува околу 22.000 лица и има акумулирано средства во вредност од 42 милијарди евра.
Војновиќ доаѓа во Винер Лајф Македонија со богато искуство од осигурителниот бизнис, од позицијата главен извршен директор на Триглав осигурување АД Скопје. Својата кариера во финансиски институции ја започна во Хипо Алпе Адриа Лизинг каде што 5 години беше член на Управниот одбор.