Објавените податоци на Државниот завод за статистика за бруто домашниот производ за изминатата година покажуваат дека во четвртиот квартал во 2017 година економијата бележи раст од 1.2% и излегува од состојбата на стагнација, соопшти владата. Ова е доказ дека се враќа изгубената доверба во перспективите на домашната економија. Дополнително последно објавените податоци на ДЗС покажуваат и раст на индустриското производство од 8% што претставува уште една потврда дека економската активност се интензивира. Фактичката состојба којашто ја наследи Владата на Република Македонија по своето формирање беше пад на економијата од 1.3% заради тешка политичка криза предизвикана од политичките блокади, но и заради неодговорното менаџирање со економијата изминатите години.
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за бруто домашниот производ за изминатата година покажуваат дека во четвртиот квартал во 2017 година економијата бележи раст од 1.2% и излегува од состојбата на стагнација, соопшти владата.
Ова е доказ дека се враќа изгубената доверба во перспективите на домашната економија. Дополнително последно објавените податоци на ДЗС покажуваат и раст на индустриското производство од 8% што претставува уште една потврда дека економската активност се интензивира. Фактичката состојба којашто ја наследи Владата на Република Македонија по своето формирање беше пад на економијата од 1.3% заради тешка политичка криза предизвикана од политичките блокади, но и заради неодговорното менаџирање со економијата изминатите години.
Новите економски политики, реформските процеси, реафирмацијата на ЕУ и НАТО интеграциски процеси на Република Македонија придонесоа економијата да се стабилизира и да почне да бележи стапки на раст на БДП.
Економската стабилизација се потврдува и со податокот за годишен раст на вработеноста од 1.9% во четвртиот квартал во 2017 година, споредено со истиот квартал во 2016“ се наведува во соопштението на владата.