Работната група на ЕУ и ЕФТА за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки донесе одлуки на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока. Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги усвои овие одлуки, а Република Македонија до 1 јули годинава да ја доврши правната процедура за пристапување кон Конвенциите. Одлуките се донесени на вчерашниот 158. состанок на ЕУ-ЕФТА во Брисел, Белгија на кој присустуваше и делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска–Крстевска. На состанокот, беше усвоен позитивниот извештај на мониторинг мисијата на Генералниот Директорат за царина и оданочување (DG TAXUD) за исполнетоста на условите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, спроведена на почетокот на годината, а директорот на Царинската управа одржа презентација пред присутните претставници на земјите членки на ЕУ и ЕФТА за преземените активности за исполнување на условите за членство во двете Конвенции.
Работната група на ЕУ и ЕФТА за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки донесе одлуки на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.
Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги усвои овие одлуки, а Република Македонија до 1 јули годинава да ја доврши правната процедура за пристапување кон Конвенциите.
Одлуките се донесени на вчерашниот 158. состанок на ЕУ-ЕФТА во Брисел, Белгија на кој присустуваше и делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска–Крстевска.
На состанокот, беше усвоен позитивниот извештај на мониторинг мисијата на Генералниот Директорат за царина и оданочување (DG TAXUD) за исполнетоста на условите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, спроведена на почетокот на годината, а директорот на Царинската управа одржа презентација пред присутните претставници на земјите членки на ЕУ и ЕФТА за преземените активности за исполнување на условите за членство во двете Конвенции.
Престојот во Брисел, делегацијата на Царинската управа го искористи да присуствува и на состанокот на Работната група за е-Царина на DG TAXUD кој се одржува денеска, каде директорот на Царинската управа ги запозна присутните за подготвеноста на Република Македонија да пристапи кон споменатите Конвенции.