Македонија ќе може да извезува рибни производи во ЕУ

Bez autora
Aug 27 2017

Од 27 септември годинава Македонија ќе биде ставена на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на производи од риба во Европската унија со што се отвораат нови перспективи за компаниите од овој сектор, вели директорот на АХВ Зоран Атанасов во интервју за МИА. Очекуваното одобрување, објаснува Атанасов, следува по ревизијата што ја извршија инспекциски тела на ЕУ и по проверката на контролниот систем во земјава. Одобрувањето отвора нови перспективи за развој на рибниот сектор, по можноста која се отвори за македонските компании од месната индустрија и кланиците кои добија дозвола од Европската комисија за извоз на говедско не само во земјите на ЕУ, туку и за транзит низ ЕУ во трети земји, нагласува директорот.

Македонија ќе може да извезува рибни производи во ЕУОд 27 септември годинава Македонија ќе биде ставена на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на производи од риба во Европската унија со што се отвораат нови перспективи за компаниите од овој сектор, вели директорот на АХВ Зоран Атанасов во интервју за МИА.

Очекуваното одобрување, објаснува Атанасов, следува по ревизијата што ја извршија инспекциски тела на ЕУ и по проверката на контролниот систем во земјава. „Одобрувањето отвора нови перспективи за развој на рибниот сектор, по можноста која се отвори за македонските компании од месната индустрија и кланиците кои добија дозвола од Европската комисија за извоз на говедско не само во земјите на ЕУ, туку и за транзит низ ЕУ во трети земји“, нагласува директорот.

Според него, на 13 септември членките на ЕУ треба да се изјаснат по ова прашање и воопшто не се очекува да го оспорат. Засега, само еден оператор од Македонија ќе извезува рибни производи. Станува збор за компанија која се занимава со препакување аргентинска и риба од Грција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik