Со понуда на четирите типа животно осигурување: фамилијарно, детско, профитно и за ризик, Винер животното осигурување започна со работа во Македонија. На крајот на 2010 година Винер животното осигурување доби работна дозвола и со тоа нивното работење е официјализирано. Ние сме најголемата осигурителна групација во Источна и Централна Европа. Со 186-годишно искуство, во 24 земји имаме околу 55 друштва. Верувам дека Македонија се наоѓа на добар пат и економски ќе се развива, а се стремиме кон тоа да бидеме водечка осигурителна компанија во државава. Тој истакна дека минатата година Винер осигурување во Македонија оствари пораст од приближно 24 насто. Тоа нам ни дава дополнителен мотив за инвестиција во осигурителниот сектор - рече Раумауф кој додаде дека во моментов во Македонија просечната животна премија е 20 евра годишно по жител, а за споредба ја напомена Словенија каде премијата на годишно ниво е над 300 евра.
Со понуда на четирите типа животно осигурување: фамилијарно, детско, профитно и за ризик, Винер животното осигурување започна со работа во Македонија. На крајот на 2010 година Винер животното осигурување доби работна дозвола и со тоа нивното работење е официјализирано.
- Ние сме најголемата осигурителна групација во Источна и Централна Европа. Со 186-годишно искуство, во 24 земји имаме околу 55 друштва. Верувам дека Македонија се наоѓа на добар пат и економски ќе се развива, а се стремиме кон тоа да бидеме водечка осигурителна компанија во државава - изјави Ханс Раумауф, претседател на Надзорен одбор на Винер животно осигурување.
Тој истакна дека минатата година Винер осигурување во Македонија оствари пораст од приближно 24 насто. Тоа нам ни дава дополнителен мотив за инвестиција во осигурителниот сектор - рече Раумауф кој додаде дека во моментов во Македонија просечната животна премија е 20 евра годишно по жител, а за споредба ја напомена Словенија каде премијата на годишно ниво е над 300 евра.
Сите производи што ќе ги нуди Винер животното осигурување во Македонија основани се на истражувањето на пазарот и износот што просечниот граѓанин ќе може да го плати.
- Започнуваме со сума од 900 денари месечна премија, и сметаме дека поголем дел од граѓаните во Македонија ќе можат да си го приуштат и сакаме да го отстраниме верувањето дека животното осигурување е луксуз - изјави генералниот директор на Винер животно осигурување, Елена Мартиновска.
Таа најави дека имаат скромен план за првата година од работењето со бруто полисирана премија околу еден милион евра, тоа се околу 1.600 полиси. Исто така Мартиновска најави дека планираат продажните активности да ги спроведуваат преку Шпаркасе банка.
- Секојдневното животно темпо, секојдневните работни промени, кога буквално секој од нас се бори за подобар живот, мора да размислуваме за иднината, за нашите семејства и поради тоа животното осигурување е повеќе од потребно. Сите мора да разберат дека животно осигурување е повеќе од типично осигурување, дека ова е еден вид на штедење. И поради тоа, тоа е нашата долгорочна инвестиција во нашите семејства - изјави Мартиновска.
Винер животно осигурување е 100% австриски капитал. Компанијата е дел од Виена осигурителната групација која започнува да се соочува со големи предизвици, и големи планови за сите клиенти, што се однесува до животното осигурување. Со традиција од 186 години искуството, знаењето за барањата на популацијата, искусен тим, развој на мрежата на клиенти се само дел од предностите на Винер животно осигурување.