Република Македонија ќе повлече 220 милиони евра од отворената кредитна линија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Владата го известила Фондот за ваквата одлука да повлече средства од одобрената кредитна линија во износ од 390 милиони евра на почетокот на годината. Одлуката е донесена врз основа на променетите околности пред се во делот на политичката ситуација и извесните предвремени избори, како и потребата од одлагање на издавањето на еврообврзницата во такви околности. Ова и од аспект на одговорното однесување на Владата да ги антиципира тие настани и да презема мерки за обезбедување доволно средства за редовно извршување на буџетот во следните неколку месеци додека трае процесот на изборите.
Република Македонија ќе повлече 220 милиони евра од отворената кредитна линија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Како што информира вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, Владата го известила Фондот за ваквата одлука да повлече средства од одобрената кредитна линија во износ од 390 милиони евра на почетокот на годината.
- Одлуката е донесена врз основа на променетите околности пред се во делот на политичката ситуација и извесните предвремени избори, како и потребата од одлагање на издавањето на еврообврзницата во такви околности. Ова и од аспект на одговорното однесување на Владата да ги антиципира тие настани и да презема мерки за обезбедување доволно средства за редовно извршување на буџетот во следните неколку месеци додека трае процесот на изборите - изјави министерот за финансии, кој појасни дека не се повлекува целиот износ од одобрената кредитна линија од 390 милиони евра, што е потврда дека таа се користи за да се преброди овој период кога има неочекуван настан.
Според Ставрески ова е период кога има ризици во однос на можноста да се излезе на пазарот на еврообврзница и не може да се чека да се распушти Парламентот и Владата да функционира како техничка.
- Мора да се преземат мерки однапред за да се обезбедат доволно средства за редовно извршување на сите функции на буџетот, за ликвидноста на економијата и слично. Средствата ќе се трошат за сите буџетски потреби, а ќе се настојува да се вратат предвреме доколку се укажат можности за тоа - нагласи Ставрески.
Средствата се одобрени под исклучително поволни услови со камата од 1,4 отсто, со рок на отплата од пет години со грејс период од три години и еден квартал.
- И натаму ќе останеме партнер на ММФ и обратно, ММФ партнер на Македонија како земја со здрави и солидни економски политики. Ќе настојуваме во иднина да бидеме посветени да излеземе на пазарот на еврообврзница тогаш кога околностите ќе бидат соодветни и доклку се укажат такви околности можно е и ќе настојуваме пред време да ги вратиме средствата кон ММФ - истакна Ставрески.