Македонија годинава ќе потроши за 2,3 отсто повеќе енергија

Bez autora
Jan 03 2017

Македонија се очекува годинава да потроши 2,3 отсто повеќе енергија, а потрошувачката на електрична енергија ќе зависи од работата на индустриските капацитети кои учествуваат со 20 отсто во вкупната потрошувачка. И годинава најголем потрошувач на енергија ќе биде сообраќајот, а во вкупната потрошувачка најголем удел од 50 отсто ќе имаат нафтените деривати. Струјата ќе учествува со 27 проценти, а јагленот со 6 отсто. Ова се предвидува во предлог-енергетскиот биланс за 2017 година, кој ја содржи целокупната потрошувачка на сите енергенти во државата за една година. За периодот 2013 – 2017 година предвидува пораст на потрошувачката на сите енергенти со просечна стапка од 3,3 проценти на годишно ниво. Експертите очекуваат дека потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата ќе остане непроменета, а според нив, до нејзино намалување може да се дојде дури по целосната гасификација на земјава.

Македонија годинава ќе потроши за 2,3 отсто повеќе енергијаМакедонија се очекува годинава да потроши 2,3 отсто повеќе енергија, а потрошувачката на електрична енергија ќе зависи од работата на индустриските капацитети кои учествуваат со 20 отсто во вкупната потрошувачка.

И годинава најголем потрошувач на енергија ќе биде сообраќајот, а во вкупната потрошувачка најголем удел од 50 отсто ќе имаат нафтените деривати. Струјата ќе учествува со 27 проценти, а јагленот со 6 отсто. Ова се предвидува во предлог-енергетскиот биланс за 2017 година, кој ја содржи целокупната потрошувачка на сите енергенти во државата за една година. За периодот 2013 – 2017 година предвидува пораст на потрошувачката на сите енергенти со просечна стапка од 3,3 проценти на годишно ниво.

Експертите очекуваат дека потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата ќе остане непроменета, а според нив, до нејзино намалување може да се дојде дури по целосната гасификација на земјава.

Во билансот е предвидено и годинава да расте учеството на обновливите извори на енергија, но, според аналитичарите, хидроелектраните и ветерниот парк не можат да го ублажат недостигот на струја, бидејќи тие зависат од временските услови. Потрошувачката, пак, на струјата ќе зависи од работата на „Макстил“, „Фени“ и „Југохром“. Се предвидува и дека ќе има неповолна хидролошка состојба и да расте побарувачката на гас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik