Македонија и Бугарија стартуваат заедничка изградба на железнички тунел кој ќе ги поврзе двете земји

Bez autora
Nov 05 2025

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Македонија, Александар Николоски, и неговиот бугарски колега, вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов.

На свеченото потпишување се очекува присуство на претставници од Европската комисија, дипломатските мисии на земјите од ЕУ и НАТО во Бугарија, како и од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Прекуграничниот тунел претставува клучен инфраструктурен проект во рамки на транспортниот коридор Западен Балкан – Источен Медитеран и стратешкиот Коридор VIII. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди недостасувачката железничка врска меѓу Македонија и Бугарија, што ќе овозможи подобар транспортен и економски проток меѓу Црното и Јадранското Море.

Според проектната документација, тунелот ќе биде долг околу 2,4 километри, од кои половина ќе се наоѓа на територијата на Бугарија. Очекувањата се дека неговата изградба значително ќе го поттикне економскиот развој на пограничниот регион, ќе ја зголеми конкурентноста на економиите и ќе ја зајакне интеграцијата на транспортните мрежи на ЕУ и НАТО

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik