Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин

Bez autora
Oct 04 2018

Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин на граничниот премин Табановце, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој се обрати на конференцијата по повод проектот за изградба на заедничкиот железнички граничен премин со Република Србија на граничниот премин Табановце. Проектот, како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, е со вкупна инвестициска вредност од над 4,5 милиони евра и се очекува изградбата да почне во 2020 година. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во своето обраќање на конференцијата истакна дека покрај изградбата на заеднички железнички граничен премин на површина од 2.400 квадратниметри предвидена е и изградба на нов пристапен пат до железничкиот премин, како и нова пречистителна станица за да се подобри снабдувањето со вода и електрична енергија.

Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен преминМакедонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин на граничниот премин Табановце, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој се обрати на конференцијата по повод проектот за изградба на заедничкиот железнички граничен премин со Република Србија на граничниот премин Табановце.

Проектот, како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, е со вкупна инвестициска вредност од над 4,5 милиони евра и се очекува изградбата да почне во 2020 година.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во своето обраќање на конференцијата истакна дека покрај изградбата на заеднички железнички граничен премин на површина од 2.400 квадратниметри предвидена е и изградба на нов пристапен пат до железничкиот премин, како и нова пречистителна станица за да се подобри снабдувањето со вода и електрична енергија.

„Република Македонија со својата цврста одлука за европската и евро-атлантската интеграција е максимално посветена на воспоставување регионална соработка и добрососедски односи. Денешниот настан е само потврда за нашите намери за продлабочување на таквата меѓудржавна соработка“, изјави Сугарески во своето обраќање.

Проектот, како што додаде министерот за транспорт и врски, предвидува изградба на заеднички железнички граничен премин со Република Србија на граничниот премин Табановце, на вкупна површина од 2.400 квадратни метри.

„Во заедничкиот објект ќе бидат сместени вработени на Граничната полиција, на царинските управи, инспекциските служби, како и државните железнички компании од Република Македонија и Република Србија. Целокупниот граничен систем, вклучувајќи ги и инспекциските контроли, ќе функционираат заеднички од тој објект, со што ќе се овозможи побрз и поефикасен транспорт на стока и патници“, изјави Сугарески.

За таа цел, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски до крајот на оваа година ќе аплицира за грант преку инструментот на инвестициска рамка на Западен Балкан на Европската Унија за што веќе добивме поддршка за обезбедување на инвестицијата од Европската банка за обнова и развој, додаде министерот за транспорт и врски.

Сугаревски за време на своето обраќање исто така истакна и дека во завршна фаза е изработката на тендерската документација за изградба и дека набргу ќе биде објавен и јавниот повик, а доколку работите се одвиваат во согласност со договорената динамика, изградбата би почнала во 2020 година, заклучува миснистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik