Македонија и Србија ќе ги изедначат цените за фитосанитарна анализа, која се плаќа при увоз на пченица. Министерот за земјоделство Михаил Цветков и потпретседателот на владата на Србија, Расим Љајиќ, вчера договорија двете земји да наплатуваат иста сума, откако Државниот инспекторат за земјоделство неодамна ја зголеми цената на услугата за над 800 проценти. Средбата на министрите доаѓа по реакциите за одлуката во двете земји и најавите од Србија дека ќе воведе реципрочни мерки за најизвезуваните македонски производи. Вкупната давачка за фитосанитарната анализа за увоз на еден камион пченица во Македонија сега чини 12.600 денари по камион и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари, а претходно изнесуваше 1.500 денари по камион при влез на пченица и исто толку при царинење, односно 3.000 денари.
Македонија и Србија ќе ги изедначат цените за фитосанитарна анализа, која се плаќа при увоз на пченица.
Министерот за земјоделство Михаил Цветков и потпретседателот на владата на Србија, Расим Љајиќ, вчера договорија двете земји да наплатуваат иста сума, откако Државниот инспекторат за земјоделство неодамна ја зголеми цената на услугата за над 800 проценти.
Средбата на министрите доаѓа по реакциите за одлуката во двете земји и најавите од Србија дека ќе воведе реципрочни мерки за најизвезуваните македонски производи.
Вкупната давачка за фитосанитарната анализа за увоз на еден камион пченица во Македонија сега чини 12.600 денари по камион и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари, а претходно изнесуваше 1.500 денари по камион при влез на пченица и исто толку при царинење, односно 3.000 денари.
„Со министерот Љајиќ договоривме цената за фитосанитарна анализа да биде унифицирана. Во моментов во Србија се плаќа околу 8.500 денари, а за истата количина пченица во Македонија со најновата одлука се наплаќа над 10.000 денари. Договорено е тие суми да се изедначат и да се надмине проблемот“, посочи Цветков.
Министерот за земјоделство објасни дека Инспекторатот, всушност, ја вратил старата цена за оваа такса, откако таа во ноември минатата година била времено намалена, како помош за македонските увозници по поплавите и недостигот од пченица. Оваа цена од 0,5 денари за килограм, вели Цветков, важела пред донесувањето на одлуката за нејзино намалување на 0,06 денари.
Сепак, и покрај тоа одлуката наиде на незадоволство и кај српските производители и кај македонските увозници, кои пред два дена побараа Министерството за земјоделство да ја поништи измената на Правилникот, за да можат нормално да функционираат и да продолжат со откуп на домашната пченица од годинашнава реколта, но и со увозот на пченица, за да направат квалитетно брашно за македонските потрошувачи.
На средбата Цветков и Љајиќ разговарале и за масовниот увоз на евтино српско брашно во Македонија, кое последниот период чини исто колку и пченицата.
„Имаме проблем бидејќи цената на килограм пченица е околу 9,5 денари, а речиси е иста и цената на килограм брашно од Србија. Се договоривме да се формираат тимови од двете земји и да се најде решение за тој проблем“, посочи Цветков.
Министерот Љајиќ го потенцираше зголемувањето на трговската размена меѓу двете земји, кои се традиционални партнери.
„Треба да се работи на отстранување на сите вонцарински бариери меѓу двете земји, а целта е признавањето на сертификатите на двете земји како трајно решение. Разговаравме и за можноста двете земји во иднина заеднички да настапуваат на трети пазари, како на пример во Русија“, посочи Љајиќ.