Република Македонија во четвртокот на меѓународниот пазар на капитал издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од седум години, односно јули 2021 година. Министерството за финансии информира дека побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била повеќе од двојно поголема од понудата, односно побарувачката достинала една милијарда и сто и шеесет милиони евра. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво, што е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал, севели во соопштението.
Република Македонија во четвртокот на меѓународниот пазар на капитал издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од седум години, односно јули 2021 година.
Министерството за финансии информира дека побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била повеќе од двојно поголема од понудата, односно побарувачката достинала една милијарда и сто и шеесет милиони евра.
Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво, што е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал, севели во соопштението.