Македонија ја посетиле над 40.000 туристи

Bez autora
Mar 03 2016

Во декември минатата година Македонија ја посетиле 40.333 туристи и при тоа се реализирани 77.423 ноќевања. Во однос на декември 2014 година, овој број на туристи е зголемен за 24,4 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19,7 отсто. Ова се вели во извештај од Државниот завод за статистика. Странците претежно го посетуваат Скопје, но и другите туристички места во Македонија, а најмала посетеност бележат бањите. Меѓу туристите најбројни се Турците, Грците, Србите, Бугарите, Косовците, а најмал број на туристи имало од земји како Луксембург, Латвија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Естонија, Белорусија. Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33,2 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,9 отсто.

Македонија ја посетиле над 40.000 туристиВо декември минатата година Македонија ја посетиле 40.333 туристи и при тоа се реализирани 77.423 ноќевања.

Во однос на декември 2014 година, овој број на туристи е зголемен за 24,4 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19,7 отсто. Ова се вели во извештај од Државниот завод за статистика.

Странците претежно го посетуваат Скопје, но и другите туристички места во Македонија, а најмала посетеност бележат бањите.

Меѓу туристите најбројни се Турците, Грците, Србите, Бугарите, Косовците, а најмал број на туристи имало од земји како Луксембург, Латвија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Естонија, Белорусија.

Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33,2 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 27,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е поголем за 14,0 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik