Македонија го прекршила законот на енергетската заедница со тоа што земјава спротивно на европските обврски ја одложила либерализацијата на пазарот на електрична енергија, а во исто време и не го спровела сетот на мерки за поголема заштита на животната средина со исфрлување на сулфурот од горивата како голем загадувач и други потреби кои произлегуваат од Третиот енергетски пакет на реформи. Ова било утврдено на последниот состанок на европскиот министерскиот совет на енергетската заедница и доколку итно не се преземат реформи и прифаќање на европските енергетски препораки, државата скапо ќе ја чини и може да се соочи со санкции од Европа како кратење на европските фондови и стопирање на финансиите за енергетските проекти од страна на Европската Унија.
Македонија го прекршила законот на енергетската заедница со тоа што земјава спротивно на европските обврски ја одложила либерализацијата на пазарот на електрична енергија, а во исто време и не го спровела сетот на мерки за поголема заштита на животната средина со исфрлување на сулфурот од горивата како голем загадувач и други потреби кои произлегуваат од Третиот енергетски пакет на реформи.
Ова било утврдено на последниот состанок на европскиот министерскиот совет на енергетската заедница и доколку итно не се преземат реформи и прифаќање на европските енергетски препораки, државата скапо ќе ја чини и може да се соочи со санкции од Европа како кратење на европските фондови и стопирање на финансиите за енергетските проекти од страна на Европската Унија.
„Сите заклучоци кои се однесуваат на Македонија ќе бидат привремено одложени бидејќи се соочуваме со избори и нема кога да се донесат реформите бидејќи Собранието ќе се распушти. На Македонија и' е потребен нов закон за енергетика кој ќе се донесе наредната година и ќе ги содржи сите препораки на енергетската заедница, особено со следната фаза на либерализација на енергетскиот пазар“, ова за порталот „Фактор.мк“ го изјавил министерот за економија, Дритон Кучи, под чија надлежност спаѓа енергетиката. Според него, Македонија може да ги донесе сите предвидени и посочени реформи по изборите и даден е нов рок до јуни следната година.
Земји на кои им се закануваат последици се и Србија поради неисполнувањето на обврските за поврзување на енергетските системи во Косово каде што има огромни проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дистрибуција. Исто така, и БиХ, која беше домаќин на состанокот, е опомената бидејќи и таа не ги исполнува реформите од Третиот енергетски пакет.
За познавачите на енергетиката, овој заклучок на Министерскиот совет е прва опомена за Македонија со која се повикува да ги исправи констатираните прекршувања.
А Владата го одложи процесот на либерализација и го подели во пет фази, со образложение дека доколку се отвори пазарот по старите рокови цената на струјата ќе поскапи 17 отсто. Сега според новите рокови, домаќинствата ќе можат слободно да одберат од кого ќе купуваат струја во 2020 година. По реакциите за одложувањето и најавите за можни санкции, Владата цело време не отстапува од првичниот став кога и ја донесе одлуката за пролонгирање на роковите дека тоа е направено за да се заштити стандардот на граѓаните. Но, енергетската заедница забележува дека Македонија мора да донесе нов закон за енергетика.