Во светот 3,2 милијарди луѓе користат интернет, што е 43,4 отсто од глобалната популација, покажува анализата на Меѓународниот телекомуникациски сојуз, Интернешенал телекомуникејшн унион. А пристап до мобилен интернет-мрежа сега има над 95 отсто од светското население, при што мобилните претплати се вкупно 7,1 милијарди. Анализата на ИТУ покажува дека најразвиена држава во овој дел е Јужна Кореја, каде што пристапот до интернет-услуги е најголем. Втора е Данска, а трет Исланд. Македонија е на 60. место во светот и на 36. во Европа. Во регионот највисоко е рангирана Словенија, која има ИДИ, поради што се најде на 33. место во светот, Грција е 39., потоа Хрватска на 42., Бугарија 50., Србија е на 51. место, Црна Гора на 65., БиХ на 77. и Албанија е на 94. место.
Во светот 3,2 милијарди луѓе користат интернет, што е 43,4 отсто од глобалната популација, покажува анализата на Меѓународниот телекомуникациски сојуз, Интернешенал телекомуникејшн унион. А пристап до мобилен интернет-мрежа сега има над 95 отсто од светското население, при што мобилните претплати се вкупно 7,1 милијарди.
Анализата на ИТУ покажува дека најразвиена држава во овој дел е Јужна Кореја, каде што пристапот до интернет-услуги е најголем. Втора е Данска, а трет Исланд. Македонија е на 60. место во светот и на 36. во Европа. Во регионот највисоко е рангирана Словенија, која има ИДИ, поради што се најде на 33. место во светот, Грција е 39., потоа Хрватска на 42., Бугарија 50., Србија е на 51. место, Црна Гора на 65., БиХ на 77. и Албанија е на 94. место.