Македонија на листа на тур оператори од Словенија

Bez autora
Jan 31 2016

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат. Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар. Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно улествуваме на саемот Natour Alpe Adria.

Македонија на листа на тур оператори од СловенијаАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (Natour Alpe Adria) кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат.

Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар.

“Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно улествуваме на саемот Natour Alpe Adria. Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот кадешто најголем интерес се забележува за алтернативниот туризам како и врвните кулинарски и вински потенцијали”, изјави Амбасадорот на Македонија во Словенија, Томи Димитровски.

Истакнати имиња од туристичката индустрија на Словенија како Leja tours, Jazon, Elephant Travel и Fly Fly Travel, но и националните организации на Република Српска и Република Србија остварија состанок со делагацијата на Македонија со цел да го истражат интересот и дознаат потенцијалот на нашата земја.

Планинарското друштво Драмље од Словенија иницираше соработка со македонските планинарски друштва со кои планира заедно да го претстави Балканот нудејќи кружни тури на кинеските и руските туристи.

Саемот за туризам во Словенија обедини 30 земји и околу 300 излагачи кои ја промовираат својата туристичка понуда пред повеќе од 1500 посетители.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik