Оваа пролет Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја интензивира работата на проект Ветро парк Богданци, така што во првата половина на 2013 година целиот парк ќе профункционира. Со тоа ќе потечат и првите киловат часови струја произведени од ветер. Прво ќе стартува изградбата на пристапни патишта, трафостаница, а во меѓувреме во фабриката ќе се изработуваат турбините за ветерниците. Некаде во октомври годинава ќе присуствуваме на подигнувањето на првата ветерна фарма во Македонија од класа 2,3 до 2,5 мегавати по една турбина, а во првата половина на 2013 година целиот парк ќе биде во функција - информира Чингоски. Според него ќе бидат поставени 16 турбини, а за една турбина да се постави во идеални временски услови се потребни четири дена. Ќе се изгради и 110 киловолтна трафостаница и 11 километри долг далекувод, што треба да ги поврзува ветерната фарма со најблиската трафостаница
Оваа пролет Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја интензивира работата на проект Ветро парк Богданци, така што во првата половина на 2013 година целиот парк ќе профункционира. Со тоа ќе потечат и првите киловат часови струја произведени од ветер.
Влатко Чингоски, генералниот директор на ЕЛЕМ, вели дека прво ќе стартува изградбата на пристапни патишта, трафостаница, а во меѓувреме во фабриката ќе се изработуваат турбините за ветерниците.
- Некаде во октомври годинава ќе присуствуваме на подигнувањето на првата ветерна фарма во Македонија од класа 2,3 до 2,5 мегавати по една турбина, а во првата половина на 2013 година целиот парк ќе биде во функција - информира Чингоски. Според него ќе бидат поставени 16 турбини, а за една турбина да се постави во идеални временски услови се потребни четири дена. Ќе се изгради и 110 киловолтна трафостаница и 11 километри долг далекувод, што треба да ги поврзува ветерната фарма со најблиската трафостаница
ЕЛЕМ за оваа инвестиција доби кредит од 33 милиони евра од германската КФВ банка.Чингоски вели дека според пресметките оваа инвестиција нема да биде повисока од 50 милиони евра, при што остатокот ќе го обезбеди ЕЛЕМ.
Оттаму информираат дека годинава ќе се затвори третиот блок од првата фаза на модернизација на РЕК Битола.
- Изминатите две години по еден блок од РЕК Битола се модернизираше и надградуваше, при што добивме модернизирана турбина и генератор и нов систем на управување и зголемена моќност од 8,3 мегавати. Годинава со завршувањето на модернизацијата на третиот блок завршува првата фаза во вредност од 56 милиони евра. Втората фаза на модернизацијата на РЕК Битола и модернизација на котлите која ќе достигне 84 милиони евра - објасни Чингоски.
Според него со испад на проблемите заради котлите, дневно се губат и по 300.000 евра. Ќе има и модернизација на пумпите и бренерите, со ниска емисија на азотни оксиди, што ќе претставува еколошка компонента. Модернизацијата на котлите ќе биде секоја година по еден. Ќе се модернизираат и трите ладилни кули, со што ќе се подобри искористеноста во процесот на претворање на топлинската во електрична енергија. Овој проект ќе чини околу 9 милиони евра.
Во план е и третата фаза на модернизација на РЕК Битола, каде што ќе се опфати проект за десулфуризација и еколошко прочистување на воздухот. Овој проект јапонската влада е подготвена да го кредитира и реализира во наредните три години. Така до 1 јануари 2017 година РЕК Битола целосно да биде модернизиран и да ги задоволува највисоките стандарди за екологија што ги бара ЕУ.
Во моментов се врши модернизација и на хидроелектраните ХЕЦ Вруток и придружните, за што веќе се распишани два тендери коишто се во фаза на евалуација. Ќе се распише и тендерот за надвишување на браната на Леуново, којашто за три метри треба да биде повисока, со што ќе може да акумулира повеќе вода.
Во тек е и изградбата на транспортниот систем за јаглен на Брод Гнеотино до Суводол во должина од 11 километри.
- Во моментов се одвиваат завршните тестирања и очекуваме тој да биде ставен во функција. Јагленот ќе се копа во Брод Гнеотино и по оваа трака ќе се испорачува директно во термоелектраните во Битола преку овој транспортен систем додава Чингоски.
Изградбата на "Бошков мост" од есен
За проект "Бошков мост" добиен е кредит во висина од 65 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поделен е во четири дела. Во меѓувреме тече тендерската постапка за проектот, односно ќе се направи претквалификација за браната и доводните органи, а потоа останува тунелот и цевководите.
- Тендерите се веќе објавени, додека за хидромеханичката опрема и приклучувањето со далекуводите ќе се оди без претквалификација. Нашите очекувања се дека веќе од есен ќе може да стартува изградбата на "Бошков мост", а по четири години објектот треба да биде ставен во функција. Треба да има две машини по 35 мегавати, односно вкупно 70 мегавати и со очекувано годишно производство двапати поголемо од "Света Петка", значи околу 123-125 гигават часови годишно производство - вели генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.