Македонија е подготвена и веќе обезбедува аутсорсинг-услуги за многу домашни и светски компании и институции. Тоа е заклучокот од панел-дискусијата „Македонија како аутсорсинг-дестинација“, дел од меѓународната конференција за применети интернет и информатички технологии што се одржа во Битола. Учесниците на панел-дискусијата се осврнаа на подготвеноста на институциите, бизнисот и луѓето во Македонија да создадат аутсорсинг-култура и да излезат во пресрет на развој на бизнисите во областа на информатичките технологии.
Македонија е подготвена и веќе обезбедува аутсорсинг-услуги за многу домашни и светски компании и институции.
Тоа е заклучокот од панел-дискусијата „Македонија како аутсорсинг-дестинација“, дел од меѓународната конференција за применети интернет и информатички технологии што се одржа во Битола.
Учесниците на панел-дискусијата се осврнаа на подготвеноста на институциите, бизнисот и луѓето во Македонија да создадат аутсорсинг-култура и да излезат во пресрет на развој на бизнисите во областа на информатичките технологии.
Панел-дискусијата се одржа во организација на БИТ хуб и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола, во соработка со Програмата за зголемување на пазарното вработување на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и ПРЕДА Плус и ИТ-компанијата „Интерворкс“.