Македонија повторно со најевтин бензин во Европа

Bez autora
Aug 17 2011

На општо задоволство на македонските граѓани - од ноќеска на полноќ бензините во земјава поевтинија за 3,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за 4 денари за литар. Со оваа одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 77 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 сега се точи по 78 денари за литар. Пониска е и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и сега ова гориво на бензиските пумпи во земјава се продава за 65,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 54 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 3,179 денари за килограм и сега изнесува 39,548 денари/килограм. Од РКЕ појаснуваат дека малопродажните цени на нафтените деривати, во согласност со методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 5,83 проценти, а рафинериските цени на нафтените деривати се намалија во просек за 7,56 отсто...

Македонија повторно со најевтин бензин во ЕвропаНа општо задоволство на македонските граѓани - од ноќеска на полноќ бензините во земјава поевтинија за 3,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за 4 денари за литар. Со оваа одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 77 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 сега се точи по 78 денари за литар.

Пониска е и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и сега ова гориво на бензиските пумпи во земјава се продава за 65,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чини 54 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 3,179 денари за килограм и сега изнесува 39,548 денари/килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека малопродажните цени на нафтените деривати, во согласност со методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 5,83 проценти, а рафинериските цени на нафтените деривати се намалија во просек за 7,56 отсто. Поевтинувањето на бензините се должи на намалувањето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар, што во изминатиот двенеделен период изнесуваше 109,059 долари за барел и е 7,66 проценти пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Во формирањето на цената влијание има и курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот двенеделен период, кој беше за 0,43 проценти понизок. Деновиве македонските стопанственици побараа од Владата повторно да интервенира со привремена мерка со којашто ќе се намалат акцизите на горивата. Тие укажуваат дека сегашните цени на горивата можат да предизвикаат раст на цените на услугите, но и поскапување на одредени клучни производи.

Од Министерството за финасии вчера не се изјаснија дали на дневен ред на денешната владина седница ќе биде разгледувано ова барање на стопанствениците со што ќе има евентуално намалување на оваа државна давачка. За да му помогне на стопанството, Владата во април годинава ги намали акцизите на горивата и одлуката која имаше привремен карактер од 3 месеци заврши на 14 август годинава. Во овој период државниот буџет, поради намалените акцизи за горивата, се намали за 10 милиони евра.

Со новите цени на горивата македонските граѓани повторно возат најевтин бензин во Европа. Во регионов најскап бензин се продава во Црна Гора, при што литар бензин од 95 октани чини 1,34 евра за литар, супер 98 се продава по 1,4 евра за литар, а дизелот достигна износ од 1,26 евра за литар. Слични се цените на бензините и во Хрватска, каде што литар бензин супер 95 чини 1,25 евра за литар, додека супер 98 се продава за 1,3 евра за литар. Во Словенија, пак, литар бензин чини 1,3 евра, а дизелот 1,23 евра за литар. На исто ниво се цените на бензините и во соседна Србија, каде што литар супер бензин чини 1,35 евра, а дизелот 1,32 евра за литар. 

Драстично повисоки цени на горивата имаат земјите од Европската унија. Во Италија бензинот од типот еуросупер БС-95 чини 1,54 евра за литар, еуросупер БС-98 се продава по 1,66 евра, а дизелот за 1,40 евра. Слични се цените и во Португалија и Шпанија, а таму достигнуваат и до 1,60 евра за литар од типот еуросупер БС-95, за еуросупер БС-98 цената е 1,66 евра, а дизелот 1,34 евра. Нешто пониски се цените во Германија и Австрија. Конкретно во Австрија тие достигнуваат за еуросуперот БС-951,38 евра, еуросупер БС-98 се продава по 1,54 евра, а дизелот за 1,3 евра за литар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik