Македонија првпат се претстави пред унгарски туристи

Bez autora
Mar 06 2016

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот првпат ги претстави македонската култура, историја и природните богатства пред унгарските туристи, на Саемот за туризам во Будимпешта кој трае до 6 март. На Саемот, кој е помогнат од кинеските туристички власти кои донесоа голем број кинески туроператори заинтересирани за кружни тури на Балканот, се очекува да го посетат над 40.000 потенцијални партнери. Ова претставување е одлична можност за промоција на Македонија како дестинација за туризам на европската мапа. Посебна шанса претставува и промоцијата на Македонија пред кинеските туроператори. На Саемот се одржа бизнис-работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори. Остварени се и состаноци со повеќе национални туристички организации на Србија, Војводина, Словенија, Хрватска, Албанија и Министерството за економија на Унгарија – сектор за туризам.

Македонија првпат се претстави пред унгарски туристиАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот првпат ги претстави македонската култура, историја и природните богатства пред унгарските туристи, на Саемот за туризам во Будимпешта кој трае до 6 март.

На Саемот, кој е помогнат од кинеските туристички власти кои донесоа голем број кинески туроператори заинтересирани за кружни тури на Балканот, се очекува да го посетат над 40.000 потенцијални партнери.

„Ова претставување е одлична можност за промоција на Македонија како дестинација за туризам на европската мапа. Посебна шанса претставува и промоцијата на Македонија пред кинеските туроператори“, изјави амбасадорот на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров.

На Саемот се одржа бизнис-работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори. Остварени се и состаноци со повеќе национални туристички организации на Србија, Војводина, Словенија, Хрватска, Албанија и Министерството за економија на Унгарија – сектор за туризам, при што се потенцираше потребата од заедничка соработка на балканските земји, со цел претставување трети пазари и привлекување туристи од подалечните земји.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik