Македонија се капе во сонце, а енергијата оди во ветер

Bez autora
Jun 06 2016

Македонија е втора во светот, по Калифорнија, според бројот на сончеви денови во текот на една година, но за жал, меѓу последните според искористувањето на сончевата енергија во производството на струја. Според експертите, во Македонија има 280 сончеви денови годишно со најквалитетен, таканаречен, „пик на сончева енергија“, што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови сончево зрачење на квадратен метар. Сепак, иако државата се капе во сончева енергија, таа речиси воопшто не се користи за производство на струја и енергијата од сонцето учествува со минимални 0,04 проценти, или со 7,4 гигават-часови во вкупната потрошувачка на енергија во земјава.

Македонија се капе во сонце, а енергијата оди во ветерМакедонија е втора во светот, по Калифорнија, според бројот на сончеви денови во текот на една година, но за жал, меѓу последните според искористувањето на сончевата енергија во производството на струја.

Според експертите, во Македонија има 280 сончеви денови годишно со најквалитетен, таканаречен, „пик на сончева енергија“, што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови сончево зрачење на квадратен метар.

Сепак, иако државата се капе во сончева енергија, таа речиси воопшто не се користи за производство на струја и енергијата од сонцето учествува со минимални 0,04 проценти, или со 7,4 гигават-часови во вкупната потрошувачка на енергија во земјава.

Не е многу поразлична состојбата и со другите обновливи извори: реки, подземни геотермални води, ветер, гас, биомаса... кои учествуваат со само 17,2 проценти во вкупната структура на македонската енергетика.

Според Стратегијата за енергетика 2015-2035 година на МАНУ, Македонија прави напори да го зголеми процентот на искористеноста на енергијата од обновливите извори, но засега најмногу за произведување на топла вода во домаќинствата и во некои угостителски и други индустриски објекти.

При тоа, се констатира дека технологијата за користење на сончевата енергија за производство на струја, односно изградба на централа на сонце, е премногу скапа за масовно користење и таа, според експертите, станува економски исплатлива дури по 25 години.

Според Стратегијата, ќе се исцрпат изворите со јаглен како енергенс и ќе падне неговото учество во вкупната потрошувачка од 50 на 25 отсто, додека искористувањето на природниот гас ќе се зголеми од 4 на 20 отсто, а ќе расте и производството на енергија од обновливи извори.

Во последниве неколку години во државава најмногу се инвестира во изградба на мали хидро-капацитети за што постои голем интерес и кај домашните и кај странските компании и за кои се потребни значително помали инвестиции во споредба со капацитети од други обновливи извори.

Министерството за економија лани го објави шестиот тендер за изградба на мали хидроцентрали со 19 нови договори за концесии, со што досега се склучени вкупно 85 договори со преку 20 домашни и странски компании за концесии за изградба на мали хидроцентрали. Целосно се изградени 17 мали хидроцентрали, со капацитет од 12 мегавати во кои се инвестирани 20 милиони вера, а во изградба се уште 14 мали ХЕЦ.

Како што е познато, најголемиот производител на струја, Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, обезбедуваат околу 95 отсто од вкупните потреби за струја, преку трите термоелектрани, РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“ , осумте хидроелектрани и еден парк на ветерниците во Валандово. При тоа, производството на хидроцентралите зафаќа 17 отсто од вкупното производство на струја, а целиот хидропотенцијал во Македонија е искористен со околу 25 отсто.

Во последнава деценија Македонија просечно троши по 150 милиони евра годишно за увоз на електрична енергија. Побарувачката на електрична енергија во земјата ќе расте, апелираат експертите, и станува се' поголема важноста на обновливите енергетски извори.

Инаку, состојбите во електроенергетскиот сектор и во производствените капацитети, како и инвестициите во нив, беа темите на кои во петокот разговараа министерот за економија Дритон Кучи и директорот на ЕЛЕМ , Дејан Бошковски.

Се разговарало за инвестициските активности на ЕЛЕМ во паркот на ветерници во „Богданци“, за модернизацијата на хидроелектрана „Вруток“, реконструкцијата на Речкиот и Шарскиот канал и ревитализацијата на ТЕ „Битола“, така и за тековните и идните енергетски проекти кои се однесуваат на изградба на нови производни капацитети.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik