Македонија има мала транспарентност на националниот буџет. Таа е позиционирана во категорија од 32 земји во светот кои имаат најниска буџетска транспарентност, според Индексот на отворен буџет, или ОБИ, со 35 поени на скалата од 0 до 100, каде што 100 поени означуваат максимална отвореност на државата при трошењето на јавните пари. Ова го покажа истражувањето на „Отворен буџет 2015“, кое го прави Меѓународното буџетско партнерство. Тоа е направено на 102 земји во светот и користи меѓународно признати критериуми. Нашиот регион има просечна транспарентност од 45 поени, а Македонија има најниска транспарентност меѓу овие држави.
Македонија има мала транспарентност на националниот буџет. Таа е позиционирана во категорија од 32 земји во светот кои имаат најниска буџетска транспарентност, според Индексот на отворен буџет, или ОБИ, со 35 поени на скалата од 0 до 100, каде што 100 поени означуваат максимална отвореност на државата при трошењето на јавните пари. Ова го покажа истражувањето на „Отворен буџет 2015“, кое го прави Меѓународното буџетско партнерство. Тоа е направено на 102 земји во светот и користи меѓународно признати критериуми. Нашиот регион има просечна транспарентност од 45 поени, а Македонија има најниска транспарентност меѓу овие држави.
Во извештајот, за земјава стои дека Владата и' обезбедува на јавноста минимални буџетски информации. Тоа е важно, бидејќи буџетите се главна алатка која владите ја користат за да креираат политики за прибирање и трошење на јавните средства, а со кои се промовира развојот и се задоволуваат потребите на луѓето во таа земјата. „Потребно е Владата да го направи буџетскиот процес потранспарентен, да ја вклучи јавноста и да го подобри надзорот над буџетските активности“, вели Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје, која го спроведе истражувањето во Македонија.
На глобалната табела земјите се поделени во пет групи. Земјите од првата група се означени со темнозелена боја и тие имаат највисока транспарентност, од 81 до 100 поени, потоа се оние со светлозелена боја, од 61 до 80 поени, со значителна транспарентност, па со жолта, кои се сметаат с о ограничена отчетност, меѓу 41 до 60 поени, и таму има најголем број земји, 44. Потоа следуваат земјите со светлоцрвена боја, со минимална транспарентност, од 21 до 40 поени, каде што влегува и Македонија, и на крај оние со темноцрвена боја, со штури или воопшто без буџетски информации, од 0 до 21 поени.
На прво место, со најголема отвореност на буџетот, е Нов Зеланд, со 88 поени, а на втора позиција е Шведска, со 87 поени. Следува Јужна Африка со 86 поени, Норвешка со 84 и првата група завршува со САД, со 81 поени.
Втората група ја отвора Бразил со 87 поени, па следи Франција со 76.
Најдолу на листата се Катар и Саудиска Арабија, со нула поени, а во најлошата група се и Кина, Виетнам, Боливија, Египет, Венецуела...
Во „нашата“ група, пред нас се ДР Конго, Шри Ланка и Замбија, со по 39 поени, Мозамбик, Албанија, Мароко и Либерија, со 38 поени, и Руанда, со 36 поени. Ние имаме 35 поени, исто колку и Зимбабве. Во регионот, Словенија е со значителна транспарентност, со 68 поени, а Хрватска, со 53 поени, Србија со 47 и Босна и Херцеговина со 43 поени, се во групата ограничена транспарентност. Албанија е во нашата група.
Според ова рангирање, на граѓаните во земјава им се ускратени можноста за увид во информации, и мислење за тоа како се користат јавните пари.
Од ЦЕА нагласуваат дека земјава има резултат 6 (од 100) за можностите со кои Владата обезбедува учество на јавноста во буџетскиот процес. Во однос на силата на формалните институции за надзор, резултатот за земјава за законодавството е 42 (од 100), а за институцијата која врши државна ревизија е 100 (од 100).
Овој резултат земјава може да го подобри доколку воспостави кредибилни и ефективни механизми за партиципација на јавноста во буџетскиот процес, воспостави специјализирана буџетска канцеларија за законодавството, овозможи законодавството секогаш да биде консултирано пред трошењето на кој било непредвиден приход или при трошењето на фондовите кои не биле идентификувани во донесениот буџет.
„Сепак, може да се постигне значителен напредок на брз начин. Повеќето од најмалку транспарентните земји, всушност, произведуваат значителни буџетски информации, но за нивна внатрешна употреба, а може да се постигнат големи придобивки со ниски трошоци, со тоа што овие документи само ќе се објават на веб-страницата на Владата“, велат од ЦЕА. Унапредувањето на транспарентноста речиси секогаш се сведува на степенот на политичка волја.