Според висината на просечната плата, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина се на дното на листата. Црна гора е во златната средина, а пред неа, нето плати, се Словенија и Хрватска. Словенците просечно заработуваат 1.030 евра месечно, на второ место е Хрватска со просечна плата од 750 евра. Статистичките податоци покажуваат дека во Хрватска лицата со завршен факултет имаат за 23 проценти повисока плата од просечната, а 50 проценти повисока од лицата со средно образование. Докторите на науки имаат во просек 102 проценти повисока плата од лицата со средно стручно училиште, чија заработка е за 18 проценти пониска од просечната. На третото место е Црна Гора која во последните години бележи значителен раст на просечната заработка.
Според висината на просечната плата, Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина се на дното на листата. Црна гора е во златната средина, а пред неа, нето плати, се Словенија и Хрватска.
Словенците просечно заработуваат 1.030 евра месечно, на второ место е Хрватска со просечна плата од 750 евра. Статистичките податоци покажуваат дека во Хрватска лицата со завршен факултет имаат за 23 проценти повисока плата од просечната, а 50 проценти повисока од лицата со средно образование. Докторите на науки имаат во просек 102 проценти повисока плата од лицата со средно стручно училиште, чија заработка е за 18 проценти пониска од просечната.
На третото место е Црна Гора која во последните години бележи значителен раст на просечната заработка. На пример, просечната плата во 2006 година во оваа држава била само 282 евра, додека сега во 2017 година изнесува 512 евра.
Зад Црна Гора се наоѓаат Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Во Босна и Херцеговина граѓаните просечно заработуваат нешто повеќе од 430 евра. Просечната плата во Босна, како што тврдат од Агенцијата за статистика на оваа држава, номинално е повисока за 0,2 проценти во однос на декември минатата година, и е повисока за 1,4 проценти во однос на март 2016 година.
Петтото место според висината на просечната плата и припаѓа на Србија. Во оваа држава просечната плата изнесува 405 евра.
На самото дно од листата се наоѓа Македонија каде просечната плата изнесува 370 евра.