Кредитната агенција „Фич“ деновиве го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“, со стабилна перспектива. Тоа, според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, е големо признание за економските политики, и ќе помогне да се задржи добриот имиџ кај инвеститорите. Во потврдата на „Фич“, која е една од двете најпознати светски рејтинг-агенции, најголемо учество, вели министерот, имаат економскиот раст што земјава го оствари во првиот квартал од годинава, односно 3,9 проценти. Тоа е меѓу највисоките стапки на раст на БДП во Европа. "Фич" истакнува дека значајно учество во тоа има градежништвото и јавните инвестиции, односно инфраструктурните проекти што се финансираат од буџетот, што значи дека ја потврдуваат долгогодишната политика на Владата, во услови кога европската економија се' уште има кризни моменти и најновите ситуации таму не се баш најповолни, изјави Ставрески.
Кредитната агенција „Фич“ деновиве го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“, со стабилна перспектива. Тоа, според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, е големо признание за економските политики, и ќе помогне да се задржи добриот имиџ кај инвеститорите.
Во потврдата на „Фич“, која е една од двете најпознати светски рејтинг-агенции, најголемо учество, вели министерот, имаат економскиот раст што земјава го оствари во првиот квартал од годинава, односно 3,9 проценти. „Тоа е меѓу највисоките стапки на раст на БДП во Европа. ’Фич‘ истакнува дека значајно учество во тоа има градежништвото и јавните инвестиции, односно инфраструктурните проекти што се финансираат од буџетот, што значи дека ја потврдуваат долгогодишната политика на Владата, во услови кога европската економија се' уште има кризни моменти и најновите ситуации таму не се баш најповолни“, изјави Ставрески.
„Фич“, потенцира министерот, ја истакнува и стабилноста на фискалниот сектор, на јавните финансии, ефикасното трошење на средствата во делот на капитални проекти, како и добрата бизнис-клима. Сите тие работи, наведува Ставрески, се позитивни и потврдуваат дека Македонија здраво ги има поставено основните економски политики и на најдобар можен начин се справува со предизвиците во овие тешки времиња. „Оваа оценка на ’Фич‘ ќе помогне да се задржи и добриот имиџ на земјава кај инвеститорите. Тие внимателно следат какви се оценките на ’Фич‘, на ’Стандард и Пурс‘ и на слични агенции, и очекувам ова да стане поттик за нови странски инвестиции, како и можност Македонија да добива меѓународни финансиски средства по поволна цена“, рече Ставрески.
„Фич“ прогнозира дека годинава економијата ќе порасне за 3,5 проценти, а забележано е и намалување на невработеноста. Државниот долг се одржува на умерено ниво. За буџетскиот дефицит, агенцијата посочува дека во тек се големи инфраструктурни проекти кои можат да се одразат на стапката, но истовремено го поттикнуваат економскиот раст на земјата. Благодарение на влезот на странските директни инвестиции, нотиран е раст на извозот. За можноста за формирање слободни финансиски зони, Фич наведува дека ќе привлече нови странски инвестиции. Банкарскиот сектор е стабилен и останува добро капитализиран. Издавањето на еврообврзницата придонесе за раст на девизните резерви, забележува агенцијата.
За во иднина, „Фич“ прогнозира дека Македонија ќе продолжи со стабилната фискална и монетарна политика и оти најголемиот европски трговски партнер на Македонија ќе закрепнува, што ќе влијае позитивно на трговскиот биланс. Кредитната агенција „Фич“ пет години по ред го потврдува стабилниот кредитен рејтинг на Македонија.