Република Македонија оваа година ќе има втор најголем раст на домашниот бруто-производ (БДП) во цела Европа, се наведува во есенската економска прогноза што ја објави Европската комисија. Kако што јавува дописникот на МИА од Брисел, со раст на БДП од 3,3 проценти, Македонија е подобра од 28 земји-членки на Европската Унија, како и од Унијата во целост, од Еврозоната, САД и Јапонија. Единствено за Ирска, која пред неколку години беше под закана од финансиски банкрот, е предвидено годинава да заврши со економски раст од 4,6 отсто од БДП, што ја прави шампион на Стариот континент. Kипар, Италија и Хрватска се земјите што и годинава ќе останат во рецесија, а Грција по седум години во рецесија, се очекува да оствари минимален економски раст од 0,3 отсто на БДП.
Република Македонија оваа година ќе има втор најголем раст на домашниот бруто-производ (БДП) во цела Европа, се наведува во есенската економска прогноза што ја објави Европската комисија.
Kако што јавува дописникот на МИА од Брисел, со раст на БДП од 3,3 проценти, Македонија е подобра од 28 земји-членки на Европската Унија, како и од Унијата во целост, од Еврозоната, САД и Јапонија. Единствено за Ирска, која пред неколку години беше под закана од финансиски банкрот, е предвидено годинава да заврши со економски раст од 4,6 отсто од БДП, што ја прави шампион на Стариот континент. Kипар, Италија и Хрватска се земјите што и годинава ќе останат во рецесија, а Грција по седум години во рецесија, се очекува да оствари минимален економски раст од 0,3 отсто на БДП.
На високото второ место според растот на домашниот бруто-производ, Македонија, според прогнозата на Еврокомисијата, ќе остане и в година, кога е предвиден раст од 3,4 проценти, а за 2016 година, БДП на нашата земја се очекува да има раст од 3,6 отсто.
Позитивен тренд Македонија се прогнозира дека ќе има и во однос на намалувањето на невработеноста, која од 31,4 проценти во 2011 година се очекува годинава да падне на 28,5 отсто. За 2015 година, ЕK предвидува раст на вработеноста за 2,1 процента, а за 2016 година, просекот на бројот на вработените во Македонија да порасне за 2,3 процента, кога стапката на невработеноста би се намалила на 26,6 проценти.
Сепак, во поглед на невработеноста, се прогнозира дека Македонија и со овој позитивен тренд ќе остане на дното во Европа, бидејќи за Грција и Шпанија, кои имаат најлош просек од по 26,8 и 24,8 проценти невработени, за две години се очекува да паднат на 22 процента.
Годинашниот буџетски дефицит на Република Македонија се очекува да биде четири проценти, што ја сместува земјата во средината на европската табела. ЕK прогнозира дека тој ќе се намали на 3,8 отсто во 2015 и на 3,5 проценти во 2016 година. Јавниот долг на државата се очекува годинава да достигне 40,2 проценти и да порасне до 43,5 отсто за две години. Тоа, сепак, ја прави Македонија една од најниско задолжените на европскиот континент.