Македонија станува нова туристичка дестинација за Французите

Bez autora
Apr 21 2015

На покана на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот пет француски туроператори ја посетија Македонија од 13 до 17 април. Претставниците на "Куони", "Вердием", "Интермедес", "Арт е вие" и "Алест Воајаж" имаа можност да ги откријат адутите и новините на новата туристичка дестинација. Според "ТуристМаг" - весникот на професионалните туристички работници, по засилената медиумска кампања во Франција за туристичката понуда на Македонија, во текот на минатата година биле забележани за 14 отсто повеќе француски туристи во споредба со 2013 година. Лани нашата земја ја посетиле 5.327 француски туристи и истовремено бројот на ноќевањата се зголеми за 28 отсто.

Македонија станува нова туристичка дестинација за ФранцузитеНа покана на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот пет француски туроператори ја посетија Македонија од 13 до 17 април.

Претставниците на "Куони", "Вердием", "Интермедес", "Арт е вие" и "Алест Воајаж" имаа можност да ги откријат адутите и новините на новата туристичка дестинација. Според "ТуристМаг" - весникот на професионалните туристички работници, по засилената медиумска кампања во Франција за туристичката понуда на Македонија, во текот на минатата година биле забележани за 14 отсто повеќе француски туристи во споредба со 2013 година. Лани нашата земја ја посетиле 5.327 француски туристи и истовремено бројот на ноќевањата се зголеми за 28 отсто.

Овој тренд се очекува да продолжи и годинава, па не случајно од 30 јуни годинава авиокомпанијата "Визер" го зголемува бројот на летовите од аеродормот "Бове" кон Скопје и воведе нови летови од аеродромот од "Мулуз Бал" кон Охрид.

Дневниот весник "Фигаро Воајаж" објави репортажа "Пет причини да се посети Македонија", со повик до своите читатели да ја посетат Македонија како вистинско туристичко откритие за 2015 година.

Како неизбежна дестинација на прво место е ставено Охридското езеро и Охрид, па следува Скопје со своите историски и нови споменици. Од престолнината на Македонија, "Фигаро Воајаж" ги поведува своите читатели во националниот парк Пелистер, потоа античкиот град Стоби и на крајот во манастирот Свети Јован Осоговски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik