Според Народната банка на Република Македонија, македонската економија следната година се очекува да има раст од 3,5 отсто, додека пак според проекцијата на Владата 3 отсто. Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 отсто на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има и разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката. Градежништвото се очекува да има раст опд 5,2 отсто, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 отсто и индустријата да забележи раст од околу 2 отсто.
Според Народната банка на Република Македонија, македонската економија следната година се очекува да има раст од 3,5 отсто, додека пак според проекцијата на Владата 3 отсто.
Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 отсто на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има и разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.
Градежништвото се очекува да има раст опд 5,2 отсто, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 отсто и индустријата да забележи раст од околу 2 отсто.
2016 годинава се очекува да заврши со раст на БДП над проекцијата од 2,3 отсто.
Според последната проекција Народната банка на РМ смета дека растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 2,3 отсто.
НБРМ очекува закрепнување на економијата и растот да достигне 3,5 отсто во 2017 и 2,7 отсто во 2018 година.
Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.