Македонската компанија „Хајтек“ гради фабрика во Бунарџик

Bez autora
Feb 18 2016

Македонската компанија “Хајтек Асембли Центар“ денеска во зоната Бунарџик постави камен темелник за нова фабрика. Хајтек е првата домашна компанијат која ќе инвестира во некоја од зоните во земјава. Инвестицијата е вредна околу 20 милиони евра, ќе отвори преку 300 работни места, а ќе се реализира во две фази. Првата е проектирана на 6 милиони, додека втората на 14 милиони евра. Во првата фаза ќе биде изградена фабрика со површина од 5.400 квадратни метри која ќе стартува со работа наесен и ќе вработи 100 лица. Новата компанија ќе биде на врвот на техничко-технолошките достигнувања во Македонија и ќе обезбеди работа за преку 300 луѓе. Со производството на најсофистицирани електронски компоненти, ќе учествуваме во светот на нано технологиите.

Македонската компанија „Хајтек“ гради фабрика во БунарџикМакедонската компанија “Хајтек Асембли Центар“ денеска во зоната Бунарџик постави камен темелник за нова фабрика.

Хајтек е првата домашна компанијат која ќе инвестира во некоја од зоните во земјава. Инвестицијата е вредна околу 20 милиони евра, ќе отвори преку 300 работни места, а ќе се реализира во две фази. Првата е проектирана на 6 милиони, додека втората на 14 милиони евра.

Во првата фаза ќе биде изградена фабрика со површина од 5.400 квадратни метри која ќе стартува со работа наесен и ќе вработи 100 лица.

„Новата компанија ќе биде на врвот на техничко-технолошките достигнувања во Македонија и ќе обезбеди работа за преку 300 луѓе. Со производството на најсофистицирани електронски компоненти, ќе учествуваме во светот на нано технологиите. На тој начин значајно ќе придонесеме во зголемувањето на македонскиот извоз“, истакна сопственикот на „Хајтек“ Саво Станковиќ.

Како што нагласи Станковиќ, по 36 години постоење на компанијата, ова е уште еден предизвик, историски момент не само за неговото семејство, туку и за другите претприемачи, како и за целата земја. Објаснува дека комапнијата досега работела на едно ниво на технолошки производ, а новата фабрика значи надоградба на производот со новододадена вредност со што ќе се овозможи и поголем извоз од Македонија и поголеми вработувања и многу поголем пласман на македонски технички кадар на европскиот пазар.

„Ова е првата домашна инвестиција во слободните економски зони и најдобар пример за тоа дека домашните бизнисмени кои имаат добри идеи и проекти, висока технологија и производство наменето за извоз, се добредојдени во ТИРЗ“, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо информира дека во следните пет години инвестицијата на „Хајтек“ во Бунарџик ќе се прошири за нови 11.000 метри квадратни.

Производството ќе биде целосно наменето за извоз и главно ќе се пласира во Германија, Швајцарија, Велика Британија и скандинавските земји. Производите на „Хајтек“ се користат во воената индустрија, авионската, автомобилската индустрија, во медицинска опрема, а нивни клиенти се големи глобални компании како „Континентал“, „Бош“, „Сименс“, „Филипс“ и други.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik