Пчеларењето во трмки е традиционален начин на одгледување пчели и производство на мед кој се практикувал во Македонија. Денеска се применува многу малку, за да се зачува традицијата. Пчеларењето во трмки е нерентабилно и економски неисплатливо, но на пчелите им го овозможува најприродниот амбиент за живеење, во форма на конус. Тие не се прихрануваат, ниту се заштитуваат од болести со какви било хемиски препарати. Како што вели Нацо Јовчевски, член на президиумот „МакБи“ и еден од ретките одгледувачи на пчели во трмки кај нас, годишниот принос од трмката е два до четири килограми мед.
Пчеларењето во трмки е традиционален начин на одгледување пчели и производство на мед кој се практикувал во Македонија. Денеска се применува многу малку, за да се зачува традицијата. Пчеларењето во трмки е нерентабилно и економски неисплатливо, но на пчелите им го овозможува најприродниот амбиент за живеење, во форма на конус. Тие не се прихрануваат, ниту се заштитуваат од болести со какви било хемиски препарати.
Како што вели Нацо Јовчевски, член на президиумот „МакБи“ и еден од ретките одгледувачи на пчели во трмки кај нас, годишниот принос од трмката е два до четири килограми мед.
„Пчеларењето во трмки е многу поедноставен од современиот, но економски нерентабилен. Но затоа, пчелите цела година живеат во природен амбиент, во благосостојба што им е овозможена од приливот на нектар, бидејќи матицата го развива семејството само толку колку што може да се обезбеди храна во природата“, објаснува Јовчевски.
Поради нерентабилноста, пчеларењето во трмка се напушта и е во изумирање. Се' повеќе се користат современи пчелни живеалишта, хемиски препарати и отрови за заштита од болести.
„Пчеларите се' повеќе им го одземаат природниот мед на пчелите, ги хранат со пченкарна гликоза што придонесува за намалување на квалитетот на медот и губење на имунолошката способност на пчелите кои стануваат понеотпорни на болести“, посочува Јовчевски. Тој беше член на македонската делегација на светскиот саем за традиционална храна „Тера мадре салоне дел густо“ што се одржа од 22 до 26 септември во Торино, Италија.