Македонската туристичка понуда промовирана во Русија

Bez autora
Mar 27 2016

Севкупниот туристички потенцијал и понуда од Македонија беше претставен изминатите три дена на Саемот за туризам во руската престолнина Москва, со активности организирани од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Со волонтерска поддршка од македонски студенти во Русија, штандот на Македонија привлече големо внимание со промоцијата на религиозниот, културниот, кулинарскиот и винскиот туризам, но атракција беа и послуженото вино, сирење и ајвар. За време на саемот, македонското вино побуди голем интерес со што се разменија контакти и линкови со експерти од различни области кои го посетија нашиот штанд.

Македонската туристичка понуда промовирана во РусијаСевкупниот туристички потенцијал и понуда од Македонија беше претставен изминатите три дена на Саемот за туризам во руската престолнина Москва, со активности организирани од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ).

„Со волонтерска поддршка од македонски студенти во Русија, штандот на Македонија привлече големо внимание со промоцијата на религиозниот, културниот, кулинарскиот и винскиот туризам, но атракција беа и послуженото вино, сирење и ајвар. За време на саемот, македонското вино побуди голем интерес со што се разменија контакти и линкови со експерти од различни области кои го посетија нашиот штанд“, соопштија од АППТ.

На средбата на директорката на АППТ Лела Крстевска со заменик раководителот на Федералната агенција за туризам, Сергеј Евгениевич Корнеев се договорени заеднички активности за подобра промоција на македонскиот туризам и нејзиниот инвестициски потенцијал

Во тек на саемот за туризам била остварена средба со еден од поголемите европски туроператори присутен на рускиот пазар и извршени се првични разговори за воведување чартер линија за олеснување на туристичкиот промет.

Остварена е средба и со претседателот на Асоцијацијата за туроператори на Русија (АТОР) на која станало збор за можна соработка и промоција на македонскиот туризам кај членките од асоцијацијата.

Македонскиот штандот, како што се известува во соопштението, бил посетен од многу туроператори и туристички агенции кои пројавија интерес за Македонија, а евидентно го зголеми интересот кај руската публика и репортажата за Македонија, која се емитува на руската национална телевизија на една од најпопуларните емисии за туризам

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik