Македонската волна преку Унгарија завршува во Кина и Индија

Bez autora
Apr 06 2016

Целото минатогодишно производство на македонската волна заврши на унгарскиот пазар, а од таму во Кина и Индија. Ова беше соопштено на средбата на претставници на Унгарската трговска комора со велешките стопанственици, во рамките на економско роуд-шоу кое го организираше унгарската амбасада во Скопје. Стоковата размена меѓу двете земји расте, а во последните две години таа бележи висок пораст. Целокупниот потенцијал на волна од Македонија лани отиде во Унгарија, а од таму се продаде на трети земји. Во првите три месеци годинава овој тренд продолжи. Ние ја извезуваме волната во Унгарија, таму се доработува и потоа се извезува. Преку овие средби сакаме да се доближиме до другите стопанственици и заеднички да настапуваме на трети пазари.

Македонската волна преку Унгарија завршува во Кина и ИндијаЦелото минатогодишно производство на македонската волна заврши на унгарскиот пазар, а од таму во Кина и Индија.

Ова беше соопштено на средбата на претставници на Унгарската трговска комора со велешките стопанственици, во рамките на економско роуд-шоу кое го организираше унгарската амбасада во Скопје. Стоковата размена меѓу двете земји расте, а во последните две години таа бележи висок пораст.

„Целокупниот потенцијал на волна од Македонија лани отиде во Унгарија, а од таму се продаде на трети земји. Во првите три месеци годинава овој тренд продолжи. Ние ја извезуваме волната во Унгарија, таму се доработува и потоа се извезува.

Преку овие средби сакаме да се доближиме до другите стопанственици и заеднички да настапуваме на трети пазари. Унгарија има свои развиени трговски врски и преку неа цел ни е да стигнеме до нови пазари за нас“, рече Сашо Јанакиевски, трговски промотор на Унгарија во Македонија и истакна дека преку Унгарија, Македонија сака полесно да стигне до пазарите во Русија, Азербејџан, земјите од Централна Азија.

Ова беше седма средба на претставници на Унгарската трговска комора со македонски стопанственици во исто толку градови во Македонија. Амбасадорот на Унгарија, Јожеф Бенце, соопшти дека од година во година расте трговската размена меѓу двете земји.

„Во 2014 година е потпишан трговски договор за соработка меѓу Македонија и Унгарија и досега се потпишани 18 договори за соработка на различни фирми од аграрот до туризмот, опфаќајќи многу индустриски гранки. Во 2014 е забележан максимум во трговската размена меѓу двете земји, а минатата година имавме дополнителни 15 отсто повеќе отколку претходната година“, рече амбасадорот Бенце, презентирајќи податоци според Унгарската трговска комора.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik